И вие ќе посакате да ја смените бојата на косата: Овие 5 нијанси ќе бидат апсолутен хит оваа есен!

Препорака од фризери

Еднобојната коса не е во тренд, на сцена стапуваат поинтересни нијанси

Со промената на годишното време, на ред доаѓаат и нови трендови кога е бојосувањето на косата во прашање. Ова лето доминираа сите нијанси на кафеава коса.

Со постудените денови, доаѓаат поинтересни трендови. Фризерите се едногласни, еднобојното тонирање на косата не е во тренд. Оваа сезона паролата е: што пошарено и поинтересно, тоа подобро!

Посветли прамени покрај лицето

https://www.instagram.com/p/ByW2zBcgism/?utm_source=ig_embed

Експертите објаснуваат дека посветлите прамени како рамка на лицето на наједноставен начин и’ даваат нова димензија на вашата коса, а не ја менуваат драстично. Неколку нијанси посветли прамени покрај лицето ќе го насочат вниманието кон очите, усните и насмевката. Освен тоа, со нив ќе задржите и нешто од летото во текот на есенските денови.

Боја на шампињони

https://www.instagram.com/p/BsZkLsTlgP9/?utm_source=ig_embed

Се работи за боја со многу тонови и подтонови, од пепелести до сосема светли бои на пресечен шампињон. Ова е одлична прелазна нијанса, некаде помеѓу светло кафеавата и потемната руса коса со малку пепелесто русо. Идеална е за природните русокоси кои со текот на времето потемнеле или за природните бринети кои сакаат полека да преминат кон руса коса.

Колач од праска

https://www.instagram.com/p/BwDK7iTAfyl/?utm_source=ig_embed

Оваа боја инспирирана од десерт содржи златни и бакарни нијанси на подлога од топлата боја на ванила. Ова вешто комбинирање на тонови и подтонови и даваат бујност на косата, а лесна е за одржување, бидејќи израстокот нема да се забележи веднаш.

Чоколадо со чили

https://www.instagram.com/p/BowPrf6BJRA/?utm_source=ig_embed

Ако сакате дополнително да го зачините својот живот, најдобро е да почнете со косата. Ако и понатаму копнеете по топлината на летното сонце, можеби оваа нијанса ќе ви помогне.

Боја на брусница

https://www.instagram.com/p/Bbhj6HSlp6y/?utm_source=ig_embed

Нијансата на рубин и махагони кои се прелеваат во косата со неколку тонови циклама дефинитивно ќе биде забележана.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.