Фризерот на Џеј Ло открива: Како да го добиете посакуваниот волумен на косата кој ќе биде отпорен на вашите физички активности

 Дали се сеќавате на настапот на Џенифер Лопез на Супер Бол? Да, а кој би можел да го заборави. А дали се сеќавате на бујната коса на Џеј Ло која и пркосеше на логиката и “не се помрдна“ додека оваа латино дива скокаше, играше и се вртеше околу шипката. Нејзината коса со локни и волумен остана недопрен иако во нејзината кореографија имаше стотина вртења со главата. 

Еплтон објави видео на Јутјуб каде на модел демонстрира чекор по чекор како дошол до своето ремек дело.

Како да добиете волумен на косата

Во видео снимката Елптон вели дека му било важно косата на Џеј Ло да остане глатка и покрај влажниот воздух во Мајами. Поради тоа на почетокот како и на моделот на снимката , на влажната коса нанесува  Color Wow Dream Coat, водоотпорен фиксатор. Потоа ја сушеше косата со фен и рамна четка водејчи сметка феност да е насочен низ дланката за да постигне кутикулот да се исправи.

Потоа Еплтом за косата закачува екстензии и ги поставува дијагонално, што спрема неговите зборови овозможува прамените да паѓаат околу лицето, а не преку јагодиците.

Ама како успеа во тоа надоградената коса да и остане на место и покрај танцувачката рутина на Џеј Ло? Неговиот трик е неколку пати да ја стегне природната коса пред на неа да ја закачи надоградбата, а потоа ја прска со спрејот за коса Color WoW Cult.  Екстензиите што повеќе визиелно да ги спои со природната коса во нивниот корен нанесува Color Wow Root Cover Up кој служи за прикивање на израстоците.

https://www.lepotaizdravlje.rs/lepota/kosa/volumen-kose/

Ако барете фризура за која треба да вложите минимален напор, сушење на косата и двојно превиткување на секој дел дефинитивно не е идеално решение , ама ако посакате некогаш изглед на поп дива и ваков волумен на косата за некој важен настан сега знаете што треба да направите.

https://www.instagram.com/p/B8Xb3oLJQvV/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.