РУСКА ШКОЛА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ: Како да изгледате помладо, поодморено, поздраво и попривлечно!

Имате право да бидете среќни и – подмладени!

Секоја жена сонува да изгледа помладо, да не се чувствува уморно и секогаш да е здрава и привлечна, без разлика дали има 25 или 70 години… Постојат многу начини да го подмладите вашиот организам со народни средства. Сепак, процесот на подмладување е доста сложен и резултатот не може да се постигне за кратко време. Мора да се потрудите за видлив ефект. Тоа бара и соодветна исхрана, и вежбање, и придржување кон секојдневната рутина…

 

Вода

Секојдневно треба да внесувате доволно количество течности – најмалку 30 мл вода за секој килограм телесна тежина. Тоа треба да биде обична или минерална вода (слатки пијалаци, чај и кафе не се земаат предвид!).

Исхрана

Ние сме тоа што јадеме. За да ги одржите младоста, убавината и здравјето – треба да се храните правилно. Една од најкорисните намирници за подмладување на телото се, секако, триците. Тие се богати со витамини, микроелементи и, што е најважно, со растителни влакна, кои недостигаат во нашата исхрана, а тие помагаат за чистење на организмот и за ефикасно функционирање на дигестивниот систем. Додавајте трици во сите јадења, а претходно потопете ги во вода. Доволно е да се јадат една-две лажица трици на ден. Кефирот е исто така многу корисен за нашето здравје, особено домашниот, без адитиви и шеќер. Тој може да се меша со трици и да се јаде за појадок. Многу здрави материи содржи и сушеното овошје. Можете да го јадете индивидуално или да направите малку здрава храна од него. Одлична комбинација е по 300 г сечкани смокви, сливи и сушени кајсии, 100 г мед и малку сечкани листови од алое. Лажиче или две од оваа мешавина дневно ќе ги зајакне имунитетот, срцето и крвните садови.

Чистење

Неопходно е редовно да се чисти организмот, особено цревата. Постојат многу начини, а вие можете да го изберете оној што ви одговара најмногу: еднаш неделно не се јаде ништо или се практикува тридневно гладување еднаш месечно. Исто така, постојат клистири за чистење, чистење на организмот со житарки од цело зрно или овошје и зеленчук што се богати со груби влакна (јаболка, грејпфрут, јагоди и бобинки, домати, зелка…).

Средства за продолжување на младоста

Постојат многу ефикасни рецепти за подмладување на организмот со народни препарати.

Црвено вино

Го враќа сјајот во очите, помага да изгледате помладо… Оставете го виното да отстои две недели со жалфија и лаванда: на литар црвено суво вино ставете по 50 г од секоја билка. Пијте го овој лековит пијалак двапати дневно пред јадење, по 50 мл, не повеќе.

Смеса од лук и лимон

Друг рецепт за подмладување на организмот е добропознатата мешавина од лук, мед и лимон. Потребно е: 10 главици лук, 10 лимони, литар мед. Изгмечете го лукот, исцедете го сокот од лимоните и сето тоа соединете го со медот, па добро измешајте. Оставете го на темно и ладно место седум дена. На празен стомак земајте по четири лажичиња, полека – неколку секунди држете го во устата и шмукајте го.

Рецепт на тибетските монаси

Тибетските монаси за подмладување користат чај од мешавина од четири билки: цветови од камилица, смиле, кантарион и брезови пупки. Земете суви билки, по 100 г од секоја, иситнете ги и промешајте ги. За приготвување на чајот, една лажица од мешавината прелејте со 500 мл врела вода и оставете да отстои 20 минути. Навечер, пред легнување во кревет, испијте половина од приготвениот чај, а утрото, кога ќе се разбудите, испијте го остатокот. Третманот трае додека се потроши мешавината од билките.

Чај за подмладување

Овој ароматичен чај ќе ви помогне да ги зачувате убавината и младоста. Листови од шумски јагоди, малини и шипки земете во еднакви количества, исушете ги и користете ги за варење чај. Оваа прекрасна мешавина можете да ја додадете во црн или зелен чај – ќе биде вкусен и здрав.

.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.