Ако ја додадете оваа состојка во шампонот, ќе ја преродите косата од коренот до врвовите: Трик што ги воодушевува и фризерите!

Целосна трансформација

Трикот е само во една состојка

Веруваме дека никогаш не би ви паднало на памет да ја додадете оваа состојка во шампонот, но според жените што ги испробале овој рецепт, резултатите се феноменални.

Кога ја негуваме косата, се фокусираме на влакната, додека потполно забораваме на темето. Фризерите велат дека тоа е голема грешка, бидејќи ако темето на главата е негувано, можеме да очекуваме дека и косата ќе изгледа здраво и сјајно.

За да биде темето здраво, неопходно е да правите пилинг одвреме-навреме, исто како што го правиме тоа со кожата на лицето. За ова не ви треба никаков скап препарат. Сѐ што треба да направите е во шампонот со којшто вообичаено ја миете косата да додадете лажица шеќер.

Токму тоа ќе направи нежен пилинг и ќе ги отстрани мртвите клетки што блокираат растењето на убавата и негувана коса. Освен тоа, ќе ви овозможи потемелно миење и ќе му овозможи на регенераторот подлабоко да продре и подобро да го нахрани самото влакно.

Не треба да претерувате со оваа постапка за да не ви се исуши кожата на главата. Најдобро би било да го повторувате пилингот по секое четврто миење.

5 начини за подобрување на густината на косата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.