5 хит фризури за есен 2020: Добредојде за шеесеттите!

Најпопуларни

Најубавите трендови од 60-те и 70-те повторно се враќаат на модниот трон

Кога летото ќе заврши, многу жени ќе се одлучат да направат нешто со косата, за промена но и за да ја освежат по летните горештини, кога косата е изложена на штетни фактори, како што е УВ-зрачењето.

Со оглед на тоа што фризурата е исклучително важен фактор за целокупниот изглед, одлуката за промена на треба да се донесе од денес за утре, па можеби сега е идеално време да проверите какви фризури ќе се носат наесен и да ја одберете најдобрата за вас…

1. Слоевита „шаг“ фризура од 70-те

https://www.instagram.com/p/CDZwL6knTZ8/?utm_source=ig_embed

Фризурата која според експертите ќе биде најпопуларна оваа есен е верзија на популарната фризура од 70-те, која вклучува кркми и слоевите потстрижана, по малку разбушавена коса, која без премногу напор изгледа гламурозно. Комбинацијата на прамени што го врамуваат лицето и слоевите потстрижаната коса, обезбедуваат волумен. Исто така, оваа фризура лесно се одржува.

2. Храбри кркми

Есен е сезона на кркми, а предвид доаѓаат оние што го покриваат челото и оние на страна. Најпопуларни ќе бидат оние во стилот на ѕвезда од 1960-те, како на Брижит Бардо. Овие кркми, според експертите, му стојат на секој облик на лице.

3. Боб со остар рез

https://www.instagram.com/p/B-FmoQQBLSZ/?utm_source=ig_embed

Секако дека ни оваа есен нема да помине без една од најпопуларните фризури изминативе неколку години. Величествениот боб секогаш е тука, а верзијата што ќе се носи оваа есен е боб со остар рез. Прецизниот рез и должината до вилицата ќе бидат голем хит, но сигурни сме дека и другите верзии на боб ќе го најдат своето место помеѓу есенските фризури.

4. Пикси

Љубителките на кратката коса и оваа есен нема да погрешат ако се одлучат за пикси фризура. Ако ви треба инспирација, погледнете како ја носела таа фризура ретро-иконата Миа Фароу, а благодарение на слоевите, волуменот нема да изостане ни од оваа фризура.

5. Класична фризура до клучната коска

https://www.instagram.com/p/CC3mohVJjlo/?utm_source=ig_embed

Косата потстрижана до клучната коска која го врамува лицето е класик кој останува популарен и во претстојниот период. Се работи за фризура идеална за сите жени кои сакаат да имаат пократка, но не прекратка коса. Клучот за оваа фризура е нејзината едноставност. Се одликува со меки врвови и со слоеви, со кои се постигнува волумен.

Се прави за 2 минути и одлично им стои на сите: Ова е моментално најпопуларната фризура!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.