4 трикови што гарантираат блескав сјај: Фризерот на Џенифер Анистон ја открил тајната на нејзината беспрекорна коса!

Блеснете како холивудска актерка!

Славниот фризер кој се грижи за косата на холивудската актерка ги открил советите што секоја жена треба да ги применува

Џенифер Анистон има 50 години, а изгледа одлично и многу жени и’ завидуваат на линијата, но и на блескавата и квалитетна коса.

Многу дами, со желба да имаат коса како холивудската актерка, често бараат од фризерите слична фризура. Нејзиниот фризер ги открил тајните на нејзината совршена коса.

Немојте често да ја миете косата

Холивудската актерка советува што подолго да издржите без шампонирање на косата. Таа својата коса ја мие на секои три до четири дена, а за да има сјајна и блескава коса многу и’ помага и шампонот за суво миење на косата. Исто така, важно е и кога ја миете косата, да го правите тоа исклучиво во топла вода, никако во премногу врела. На тој начин ќе ја сочувате бојата на косата.

Внимавајте на топлината

Анистон внимава како ги користи фенот за коса, фигарото или пеглата, бидејќи знае колку можат да го оштетат влакното. Затоа, сушете го само коренот на косата, а остатокот оставете го да се исуши по природен пат.

Добрата боја не се добива прекуноќ

За да добиете боја на коса поради која многу жени ќе ви завидуваат, ќе ви треба многу време. Фризерот на Анистон истакнува дека оделе од руса до црна боја, а идеалната боја ја добиле така што се нашле на средина.

Не ги следи слепо трендовите

Актерката и нејзините стилисти добро знаат што најдобро и’ стои, па затоа не се поборници за минливите трендови, туку се држат до класиката и го одбираат исклучиво она што се вклопува во нејзиниот стил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.