Со едноставни вежби до заоблен задник: Доволни се 10 минути дневно за фантастични резултати! (ВИДЕО)

Видливи резултати со малку труд

Вистинско време да му се посветите на вашето тело

Сега, кога топлите денови се зад нас, вистинско време е да почнете со вежбање. За да го затегнете задникот и да го доведете во добра форма, потребно е да издвоите само 10 минути дневно.

Можноста да одбирате широка гардероба не е изговор за да престанете да се грижите за вашиот изглед.

Затегнатиот задник е сон на многу жени, а до него многу е лесно да се стигне. До цврст задник се стигнува со континуирано вежбање и правилна исхрана.

Една од најчестите заблуди е дека само вежбањето е доволно за постигнување резултати и ослободување од масните наслаги. Покрај тренингот, неопходно е и изборот на производи да биде правилен. Само во тој случај резултатите нема да изостанат.

Од исхраната треба да се исфрлат шеќерите и мастите, а да се внесат протеини и умерени количини на јаглехидрати. Кога исхраната е урамнотежена и доведена во ред, време е за вежбање.

Задникот обожава клекнувања. Фитнес-инструкторите велат дека токму тие и варијациите на оваа вежба се најзаслужни за постигнување одлични резултати. Покрај вежбањето и правилната исхрана, континуитетот и упорноста се клучот за успехот.

Практикувањето на овие вежби, 3 пати неделно во рок од еден месец, ќе ви ги дадат вистинските резултати.

Во следново видео, може да погледнете како изгледа еден добар тренинг за обликување на задникот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.