Подарок за 1 читателка: Магнезиум хлорид на „Be Natur“

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Најновите студии покажуваат дека околу 95% од денешната популација страда од недостиг на магнезиум, затоа изберете го Be Natur магнезиум хлоридот и вратете го вашето здравје!

„Јодонатура“ ќе израдува една наша читателка со магнезиум хлорид на Be Natur.

Исклучително е важно да знаеме како функционира нашето тело, за да знаеме како можеме да го сочуваме доброто здравје. Наша мисија е да ги потсетиме луѓето на здравиот однос спрема животот и да понудиме природни препарати кои можат да помогнат во враќањето на балансот кон кој организмот природно тежнее.

Секој проблем е знак на нерамнотежа во организмот.

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 процеси во телото, а поради еколошките промени (дождови, вештачки ѓубрива, осиромашена почва) во последните 100 години уделот на магнезиумот во земјата и почвата забележително се намали.

Поради тоа има сè помалку магнезиум во храната, а со недостатокот на магнезиум во човековото тело доаѓа до зголемена слабост, грчеви во мускулите, болни менструации, мигрена, расипани заби, депресија итн.

Научно е докажано дека магнезиумот е исклучително важен за кардиоваскуларниот систем, а примарно за здравјето на срцето.

Магнезиумот помага во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите во организмот, го балансира нивото на шеќер во крвта, го регулира холестеролот, важен е за нервниот систем и е потребен на мускулите за движење.

Најдобар избор за надополнување на недостигот на магнезиум (кој сигурно го чувствувате) е апсорпција преку кожата, нашиот најголем орган.

На овој начин се апсорбира 70% од магнезиумот, а доколку се консумира орално се апсорбира од 4% до 40%.

Доколку сакате да го добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.