Моторџискиот крој на кожена јакна го напушта модниот трон: Ова е моделот по кој полудеа сите трендсетерки!

Во тренд!

Моторџиската јакна беше омиленото парче на секоја дама, но се чини дека сега добила сериозна конкуренција

Кожената моторџиска јакна беше задолжителна за време на есенските денови. Кога би ги прашале модните експерти кое парче мора да се најде во плакарот на секоја жена, одговорот секогаш бил истиот: моторџиска јакна.

Но се чини дека оваа сезона ситуацијата се променила. Се’ помалку трендсетерки го носат овој модел. Забележуваме дека оваа есен сите полудеа по поширок и поедноставен модел.

https://www.instagram.com/p/BvaJhqeANB1/?utm_source=ig_embed

Главен на модниот трон деновиве е моделот на јакна што неодоливо потсетува на пошироко сако. Ова парче сигурно ќе ја обележи 2019 година. Сите познати убавици веќе си набавиле таква јакна!

https://www.instagram.com/p/B2e4aT0jCxZ/?utm_source=ig_embed

Овој крој бил актуелен во 90-тите години од минатиот век, а со воодушевување е дочекан и оваа сезона. Моделот лесно се вклопува во лежерни варијанти, но и во малку поелегантни и поформални модни комбинации. Сигурно ќе изгледате апсолутно шик со ова парче.

https://www.instagram.com/p/B2HzA86CguQ/?utm_source=ig_embed

Одлично оди со фармерки, панталони, фустани, здолништа… Дефинитивно е парче во кое вреди да инвестирате!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.