План за исхрана и вежбање на Ким Кардашијан

Како јаде и вежба ријалити-ѕвездата?

Во семејството Кардашијан, Клои е таа што најмногу зборува за здрава исхрана и вежбање, но Ким Кардашијан не заостанува многу зад својата сестра.

Клои изгуби повеќе од 27 килограми за време на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“. Денес таа има и свое шоу „Одмаздно тело“, во кое им помага на заинтересираните да ослабат со промена на исхраната и редовно вежбање.

Една од фитнес-инструкторките што учествува во шоуто е Мелиса Алкантара, која меѓу другото ја тренира Ким Кардашијан.

Открива и како изгледа дневната рутина на оваа ријалити-ѕвезда.

Како вежба Ким Кардашијан

Она што Мелиса го кажа прво беше дека Ким вежба шест пати неделно и станува во шест наутро за да стигне на утрински тренинг. Тренинзите се состојат од вежби кои ги вклучуваат сите мускулни групи, од глава до петици.

Мелиса вели дека Ким се фокусира на обликување на телото.

Ким ги мрази деновите кога вежбаме нозе. Но, таа е многу посветена. Таа знае што е потребно и дека понекогаш вежбите се немилосрдни. Може да биде тешко, но таа секогаш вели: „Добро, да продолжиме!“

И, засега тренингот се исплати за неа.

Ким постигна одлични резултати, како на пример на рацете – нејзините трицепси се многу видливи за само неколку месеци. Фокусирана е на својата цел“, вели Мелиса.

Исхрана на Ким Кардашијан

Што се однесува до исхраната, Ким се обидува да ги одржува своите оброци едноставни и јаде претежно свеж зеленчук и овошје, кои исто така се главен дел од нејзините оброци.

Ким Кардашијан е веган, па за време на појадок јаде вегански омлет и овошје, авокадо, салата и тако за ручек, а најмногу јаде супа или салата за вечера.

Кога ќе реши да има „ден за мамење“, Ким ужива во пица, колачиња и колачи со ванила.

Прочитајте и: Вашата летна фитнес-рутина ќе биде многу полесна со помош на овие совети

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.