Идеален молив за очи за секоја боја на очите

Откријте која нијанса одговара на вашата боја на очи.

И додека црниот молив за очи е вистинска класика, вие не мора да се ограничувате на оваа нијанса. Изберете идеален молив за очи за бојата на очите.

Зошто да не играте и со сини, зелени или виолетови линии? Откриваме кој молив одговара на одредена боја на очите.

Кафени очи

Ако имате кафени очи, имате среќа, бидејќи тие најлесно се комбинираат со различни нијанси. Покрај црната, можете да изберете сина, бургундска, зелена, сива или индиго нијанса. Контрастните бои најдобро ќе ги истакнат вашите кафеави очи.

Зелено-кафени очи

Комбинацијата на зелено-кафени нијанси, кога станува збор за очите, одговара совршено со сите зелени тонови. Покрај тоа, можете да користите чоколадна боја, па дури и металик молив за очи, а бронзените и златните нијанси добро ќе ви одговараат.

Сини очи

Богатите, топли бои се идеални за жени со сини очи. Изберете ги оние нијанси кои имаат портокалови подтонови, како златна и валкана жолта. Исто така, металик нијансите, теракотата и топло-кафеавата боја добро одат со сините очи.

Зелени очи

Ако сакате навистина да ги истакнете вашите зелени очи, пробајте црвен молив за очи. Црвената и зелената боја се сосема спротивни и затоа совршено се комбинираат. Меѓутоа, ако не ја сакате црвената боја, изберете розови нијанси, а бронзената, махагони и кафеавата боја ќе ви одговараат добро.

Шминка за очи

Освен нијансите на моливот за очи, размислете за промена на нијансите на сенката за очи. Црниот молив за очи, како што веќе рековме, одговара на сите, и размислете да го комбинирате со соодветни нијанси.

На видеото подолу, разгледајте како да ги нашминкате очите, а покрај моливот, можете да ги комбинирате и нијансите на сенките што најдобро одговараат на бојата на очите.

Прочитајте и: 4 знаци кои откриваат дека вашата коса е оштетена

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.