Неверојатни придобивки од вежбање пилатес

Испробајте!

Фото: Getty Images

Ако сакате да ги затегнете мускулите и да изгубите килограми, а во исто време да научите правилно дишење и држење на телото, тогаш пилатес е вистинскиот избор за вас. Овој вид фитнес, исто така, помага во олеснување на стресот и придонесува за целосна релаксација.

Кога се споменува пилатес, многумина замислуваат толпа жени кои лежат на душеци, ги држат нозете во воздух и едвај дишат. Сепак, пилатесот не е толку едноставен како што изгледа, тој е многу добар за оние кои не сакаат да градат големи мускули или не им е дозволено да вршат напорни кардио-тренинзи. Помага во обликување на телото и ги прави мускулите вретенасти.

Станувате пофлексибилни 

Ако имате прекумерна тежина и не можете да ги достигнете прстите додека седите без да чувствувате болка и затегнатост, пилатес ќе ви олесни да се вратите во форма. Ќе станете пофлексибилни и ќе го намалите ризикот од повреда. Најважно, кога станува збор за пилатес, е ефектот што го има на ‘рбетот и зглобовите, бидејќи се заснова на физикална терапија. Ќе го истегнете ‘рбетот и пршлените на вистински начин. Пилатесот ќе ја подобри вашата флексибилност без тежок тренинг.

Му помага на телото што страда од премногу седење

Кога седите премногу на работа, вашето тело страда многу. Покрај тоа што е омалаксано, има и болки. Правењето пилатес значително ќе го дефинира вашето торзо. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од болката и ќе ви даде подобра подвижност. Пилатесот во голема мерка избегнува големи влијанија, голема моќност и големо оптеретување на мускулатурата и скелетот. Ова се мускули кои го поддржуваат вашето држење на телото.

Подготовка за поинтензивни вежби

За да ја зголемите силата, не треба да кревате одредена тежина. Користете пилатес за зајакнување на вашето тело и подготвување за потешки тегови. Со пилатес, ќе изградите цврста основа, што ќе ги елиминира сите слабости при кревање тегови. Ќeе имате постабилно држење на телото, ‘рбетот, посилни карлични лигаменти и јадро, што е особено важно за кревање потешки тежини.

Брзо губите тежина

Иако тренингот со висок интензитет е поперспективен, со помош на пилатес, можно е да се изгубат 5 килограми за еден месец. Покрај губење на тежината, ќе го дефинирате телото. За време на тренингот пилатес, мускулите се под постојана напнатост, комбинација на бавни и брзи движења.

Ги активирате запозтавените мускули

Веќе по првиот тренинг, ќе почувствувате колку се запоставени одредени мускули, затоа што тие ќе ве болат. Добрата страна на пилатесот е дека тоа е тренингот што го активира целото тело. Три интензивни тренинзи во текот на неделата се доволни за да ги забележите резултатите. Интересно е што ќе работите на вашиот глутеус со пилатес – мускул што повеќето жени немаат навика да го работат во изолација, а тој е важен стабилизатор на движењето. Кога глутеусот е слаб, страдаат колковите и квадрицепсите. Силниот задник е важен елемент во градењето на силно држење на телото. Единствено што е скоро невозможно што ќе го добиете само од обука на пилатес е мускулна маса. Можеби не ви е исто толку важно колку што е затегнување, губење на тежината и заборавање на болката.

Го опушта нервниот систем

Пилатесот го смирува нервниот систем, го намалува нивото на кортизоли и го олеснува слабеењето. Како активност на лесен товар, исто така вклучува вежби за дишење, што дава можност да го смири нервниот систем. Овој тренинг ве учи како подобро да го контролирате вашето тело кога е под физички или ментален стрес. Ќе научите да дишите подлабоко што помага да започнете да го смирувате мозокот. Тоа е психолошка реакција на телото што природно го намалува стресот.

Прочитајте и: Разбијте ги овие 4 заблуди што можат да ве спречат на вашиот пат кон тенка линија

 

ФОТО: Getty Images, Unsplash, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.