Три работи поради кои мажите можат да изгубат глава по вас: Овие женски особини засекогаш ќе го заробат неговото срце!

Овие атрибути се најважни

Физичкиот изглед игра важна улога во привлекувањето на машкото внимание, но само на „прва топка“…

Секако дека физичкиот изглед е важен и дека постојат поголеми шанси мажите да ве забележат ако изгледате убаво и атрактивно, но изгледот не е најважен, барем не ако планирате да го освоите на подолги патеки.

Всушност, само три особини можат да го освојат неговото срце и да го натераат да се вљуби до уши во вас, тврдат експертите за емоционални односи. Овие три особини кај жените, што според експертите ги привлекуваат мажите како магнети, се клучот на тоа дали тој ќе се вљуби во вас…

Страст

Кога се вели страст, не се мисли само на онаа во кревет, иако и таа има важно влијание. Жените што ја пронашле својата смисла и својата страст, го привлекуваат машкиот пол како магнет. Тоа може да биде работа, хоби или нешто што ја прави жената толку среќна што едноставно зрачи со позитивна енергија и сила кога зборува за тоа. Изразете ја својата уникатност и никогаш немојте да се трудите да му покажете и докажете дека сте исти или слични на него, туку напротив, дека сте свои, самостојни, доследни на себе, како и тоа дека ве исполнуваат работи и надвор од врската со него.

Автентичност

Многу жени кога ќе започнат љубовна врска ги жртвуваат своите погледи, ставови и соништа за да се усогласат со својот партнер. За жал, тоа е кобна грешка поради која жената го губи својот идентитет, а мажот почнува помалку да ја цени. Во суштина, таквиот потег не е нешто со што ќе го задржите партнерот, а нема ниту самите вие да бидете среќни во животот.

Непроменливите одлуки за важните животни прашања, ставови, принципи и уверувања, е она што ве прави единствени, посебни и силни и по ниедна цена немојте да се откажувате од тоа, бидејќи токму тоа е дел од вашиот идентитет што ве прави привлечни.

Женственост

Денешниот начин на живот честопати ни укажува на тоа колку се важни самостојноста, напорната работа и продуктивноста. Значењето на овие три ставки е неоспорно, меѓутоа кога ќе почнете да преземате иницијатива за сѐ, да донесувате одлуки без согласност на својот партнер и да не му дозволувате тој да биде оној што ќе ве разгали барем малку, ќе наидете на проблем, бидејќи мажот во таквиот однос се чувствува бескорисно и вишок, како да не ви е потребен…

Дозволете му да биде џентлмен, да ви отвори врата и да ви помогне да го облечете палтото, покажете ја својата понежна страна кога се прегрнувате во кревет навечер – тоа е момент да ја извадите маската на силна жена и да му дозволите да ве разгали со нежност и со тоа да ја исполни својата природно добиена улога – да биде заштитник и поддршка, вашата „посилна“ половина.

5 грешки што треба да ги избегнете ако сакате да заведете некого
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.