„Не сакам да се грижам за болната мајка“: Исповедта на оваа жена ќе ве шокира!

Треба ли да прости?

Фото: Pixabay

Засекогаш нарушени семејни односи

Прочитајте ја исповедта на оваа жена и размислете што би направиле вие на нејзино место: дали би простиле или никогаш не би попуштиле?

„Пораснав во големо семејство. Има два постари браќа и две сестри, но јас сум родена последна и не бев планирана. Повеќе би можело да се каже дека ги расипав сите планови.

Родителите не криеја од мене дека сакале абортус, но било доцна.

Кога се родив, браќата веќе беа пораснати и на студии. Никогаш не бев дел од нивниот живот. Денес и двајцата се оженети, имаат прекрасни сопруги и свои деца, одлично заработуваат и патуваат секаде… Но јас не ги познавам.

За сестрите отсекогаш сум била здодевна лепенка. Мајка ми ги натера да живеам со нив, за таа да се ослободи од мене, а сестрите ме замразија поради тоа. Не ја криеја својата омраза. Како и браќата, и тие имаат свои куќи, сопрузи, деца, доброситуирани се. За мене ни сега нема место во нивниот живот.

Кога ќе дојдеа соседите во посета, секогаш со гордост покажуваа слики од моите браќа и сестри. Јас секогаш бев глупава, грешка, не бев доволно добра, не знаев ништо. Постојано ме споредуваа со нив, иако сите беа постари од мене минимум 15 години.

Со текот на времето се вљубив во шиењето и запишав стручно средно училиште. Успешна сум во таа работа и ден денес, работам во уметничко ателје. Имам многу клиенти и добро заработувам. Но во семејството имам прекар „незавршен моден дизајнер“.

После сето ова, се обидов што помалку да комуницирам со членовите на моето семејство. Тоа го одлучив уште во средно училиште, кога се отселив во дом за ученици, а од првата плата си изнајмив стан.

Изградив свој свет – се омажив и добив син, ние тројца бевме пресреќни, до пред некое време тоа беше најдобриот период од мојот живот. Но еден ден, мажот и синот патуваа со автобус, кој излета од патот и двајцата загинаа. Бев скршена, не знаев каде се наоѓам, ниту како ќе продолжам понатаму без нив. Побарав утеха кај семејството, но не добив ништо. Ниту убав збор.

Оттогаш поминаа десет години. Запознав еден господин и се надевам дека посто среќа и за мене. Никогаш повеќе не му се јавив на семејството, ниту тие мене.

И тогаш, заѕвоне телефонот. Татко ми почина, а мајка ми се шлогира и остана парализирана. Моите браќа и сестри ми се јавија за да се грижам за мајка ни. Сите најдоа некоја причина зошто не можат да се грижат за неа, само јас можам.

Нема. Не сакам. Не можам. Ме понижуваа цел живот. Сега се сетија на мене.

Ме уценуваа со тоа дека мајка ми мене ќе ми го препише станот. Не сфаќаат дека не сакам ништо од нив. Некогаш одамна сакав љубов и поддршка. Кога тоа го немав, ништо друго не ми ни треба од нив.

Од уцени преминаа на закани, но не попуштив. Нека се снајдат без мене. Јас не сум повеќе тука за нив и никогаш нема да бидам.“

Што би направиле вие на местото на оваа жена?

Потресна исповед: „Сѐ во животот им дадов на децата, сега едвај имам да преживеам – еве како ми враќаат денес!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.