Како тренингот за трчање да го направите уште поефикасен?

Неколку упатства за да го направите вашиот тренинг за трчање уште подобар.

Тркачите неизбежно секогаш имаат цел пред себе, без разлика дали станува збор за зголемување на издржливоста, брзината или силата. Со цел да ги постигнете овие и сите други цели што ги поставивте пред вас – ние ви ги донесуваме советите на фитнес експерти.

Фокусирајте се на дишењето

Дали знаете кој е основниот елемент на ефикасно трчање? Правилно дишење. Кога трчате, треба да дишете рамномерно, и што е уште поважно, не треба да го задржувате здивот додека трчате во кое било време. Тренерот препорачува да вдишувате преку нос и да издишувате преку уста додека трчате. Во деновите кога не тренирате, обидете се да го присилите дишењето низ носот што е можно повеќе. И кога дишете, важно е да дишете што е можно побавно.

Поправете го вашето држење на телото

Држењето на телото е исклучително важно за време на трчањето. Треба да го одржувате ‘рбетот исправен со мало навалување напред. На овој начин ќе го одржувате вашиот центар на гравитација над нозете. За да влезете во оваа позиција, стапалата не треба да бидат премногу далеку пред вашето тело. Ова може да ве исфрли од рамнотежа и да ја намали ефикасноста на тренингот. Исто така, неправилното држење на телото може да доведе до повреди на стапалото и коленото.

Вметнете тегови во вашата рутина

Кревањето тегови има исклучително позитивен ефект врз вашите перформанси во трчање. Ако не сте голем љубител на одење во теретана, малите тегови на рацете што можете да ги кревате два до три пати неделно за половина час ќе ви помогнат да трчате побрзо и подолго. Сето тоа навистина се сведува на силата што ја поседувате, а покрај тегови, и сквотовите можат да ви помогнат во тоа.

Не прескокнувајте истегнување

За да може вашето тело да го даде својот максимум при трчање, потребно е добро да се истегнете пред и по тренингот. Истегнувањето може да се сфати како подготовка и еден вид закрепнување на телото после тренинг. Фокусирајте се на мускулите на ногата на кои им е потребно најголемо внимание, но не занемарувајте ги рацете или грбот бидејќи и овие делови од телото даваат сè од себе за да трчате добро.

Прочитајте и: Што да вежбате за време на менструацијата?

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.