5 причини зошто е добро да јадете млад кромид!

Сезона е на млад кромид и штета е да не ја искористувате можноста затоа што е богат со витамини и минерали и одлично го штити здравјето.

Младиот кромид има антибактериски својства, затоа штити од воспаление, помага при настинки, а исто така е одличен за подобрување на варењето на храната.

Зелениот дел од младиот кромид никогаш не треба да се фрла бидејќи содржи хранливи материи одлични за здравјето.

Го штити срцето – полн е со антиоксиданти кои ги штитат клетките во организмот од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување.

Добар е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето кои го немаат овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу три проценти од дневните потреби за витамин А.

Посилни коски – витамин Ц и К, со кои богат е младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20% од препорачаната доза на витамин К и околу 2% витамин Ц. Двата се важни за густина и јачина на коските. Недостаток на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

Го намалува холестеролот – особено зелениот дел од него што некои луѓе го фрлаат и би било подобро да го јадете. Покрај тоа што го намалува нивото на лош холестерол во крвта, тој помага и во регулирање на нивото на шеќер.

За поубава кожа – му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и тонирана кожа. Колагенот е одговорен за забавување на формирањето на брчки на лицето и се наоѓа во многу креми.

Прочитајте и: Не можете без чипсови? Имаме вкусна и поздрава алтернатива

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.