Ја правела оваа вежба само една минута дневно: За 7 дена, маснотиите од нејзиниот стомак почнаа да се топат! (ВИДЕО)

Таа е многу полесна од класичните стомачни вежби, а покрај рамен стомак, ќе добиете и посилен ‘рбет.

Рамен стомак и цврсти стомачни мускули се сон на секоја жена, а ние знаеме како да го добиете стомакот од вашите соништа во најкус рок. Дали сте слушнале за вакуум вежби?

Овој тип на вежбање станува сè попопуларен и има насочен ефект врз стомачните мускули. Тие не влијаат на согорување на калории, туку ги затегнуваат мускулите, а со тоа се постигнува изглед повеќе во облик на вретено. Колку се постегнати мускулите, толку е потенка половината.

Многу Јутјубери ја пробаа оваа вежба и ги снимија нивните резултати, вклучувајќи ја и оваа девојка. Таа ги правеше вакуум вежбите 7 дена и крајниот резултат е 1 инч помалку во обемот, што е околу 2,5 см.

Тајната на оваа вежба не може да биде поедноставна – само треба да дишете правилно. Во оваа вежба, дишењето ги активира и зајакнува најдлабоките стомачни мускули, така што едноставно правите контракции.

Погледнете во видеото како правилно да ја изведете оваа вежба:

1. Вдишете, потоа издишете длабоко и повлечете го стомакот толку силно како да сакате да го „залепите“ папокот за ‘рбетот. Колку повеќе ќе го повлечете стомакот, толку посилна ќе биде контракцијата и ефективноста на ова движење.

2. Држете го повлечениот стомак 15 секунди за почеток, и додека напредувате, продолжете го времетраењето на стискањето до 60 секунди, земајќи плитки вдишувања по потреба. Повторете 3 до 5 пати.

3. Кога сте подготвени за потешката верзија на „цицање“ на стомакот, направете ја вежбата со клекнување на колената и дланките, седејќи директно на стол или на пилатес топка.

4. По извесно вежбање, ќе можете да го држите стомакот „набиен“ додека седите или стоите во текот на денот.

Ако правилно и редовно ја изведувате оваа вежба, јадете здраво и правете вообичаен тренинг, ќе ги видите и почувствувате резултатите за една недела, велат експертите, и оваа девојка е убедена во тоа. Погледнете:

Прочитајте и: Кардио тренинг од само 15 минути

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.