Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

Кои се најважните здравствени прегледи за секоја возраст?

Секоја возраст носи со себе одредени здравствени ризици. Токму од таа причина, превентивно, лекарите предлагаат одредени здравствени прегледи, а еве неколку.

Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

18 години

Од овој период до крајот на животот, важно е да се прави комплетна крвна слика еднаш годишно. Покрај тоа, лекарите советуваат систематски преглед кој ќе ги следи сите можни промени во телото. Иако ова не се зема предвид во овој период, 18 години е идеално време за да започнете да одите на редовни прегледи на кожата. Така, навреме ќе се забележат промени на кожата, меланом и сл.

21 година

Лекарите препорачуваат жените, после 21 година, редовно да посетуваат гинеколог, кој ќе ги направи сите потребни анализи, вклучувајќи го и Пап-тестот. Исто така, се препорачува ултразвук на дојка до 30-годишна возраст.

40 години

Во овој период, се препорачува да се оди на мамографија. Особено ако имате семејна историја на рак на дојка.

45 години

Најчести видови на рак се ракот на белите дробови, панкреасот, црниот дроб, дебелото црево и дојката. Ракот на дебелото црево (колоректален карцином) е најлесно да се третира ако, се разбира, е откриен на време. Затоа, советот е да одите на редовни прегледи во овој период.

55 години

Се препорачува мажите да одат на редовен преглед на простата од 55-годишна возраст. Исто така, се препорачува испитување на белите дробови.

Иако можеби не изгледа неопходно да одите на лекар кога се чувствувате целосно здрави, во овој случај, превенцијата е клучна. Во многу случаи, за жал, болеста не покажува никакви симптоми додека не е во напредна фаза.

Затоа, колку порано се открие проблемот, толку е поголема веројатноста да бидете целосно излечени.

Прочитајте и: 6 безбедни начини за спречување на болести

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.