Фитнес совети: Дали треба да вежбате кардио пред или по кревање тегови?

Тренерите објаснуваат зошто не постои магична формула кога се прашуваме дали е подобро прво да се направи кардио или кревање тегови.

Важно е кардио вежбите да се комбинираат мудро со оние што ги правите за сила за да не се оптеретувате премногу на истата мускулна група.

Ако имате одредена цел кога станува збор за постигнување на сила, како на пример, да сакате да се фокусирате на една вежба затоа што активира одредена мускулна група, нека вашата прва станица е само ваква вежба. Меѓутоа, ако тренирате за спортски настан што бара издржливост, прво направете кардио.

Постојат и други случаи кога е пожелно кардио да служи како загревање што ќе има придобивки за тренинг на силата.

Десет минути лесен кардио тренинг без напор пред кој било интензивен тренинг или активност правилно го подготвува телото за тоа што следува. Но, ако имате тренинг за сила без големи цели, едноставно како форма на вежбање, препорачливо е да внесете посилна форма на кардио загревање во вашата рутина за фитнес.

За оние кои сакаат да изгубат тежина, не е важно што прават прво, се додека имаат две до три тренинзи за сила неделно. Тренинг за сила ви помага да ја подобрите или одржувате витката линија затоа што согорува повеќе калории на долг рок.

Прочитајте и: 4 најдобри вежби за загревање што можете да ги направите пред секој вид тренинг

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.