Фитнес-инспирација: Вежби што ќе го подигнат нивото на енергија

Постојат многу причини за пад на енергијата и концентрацијата, како и демотивација. Освен бројните совети за тоа како да се подигне нивото на енергија, еден е секако најздравиот: физичка активност.

Освен фактот дека вежбањето влијае на здравјето на целиот организам, ја зголемува силата и рамнотежата, физичката активност позитивно влијае и на расположението. Па, ако случајно едвај станувате од кревет и немате сила да го поминете денот, ние ви ги претставуваме најдобрите вежби за зголемување на енергијата.

Како да се подигнат нивоата на енергија

Дишење

Длабокото, бавно дишење ќе ги релаксира вашето тело и ум, а кислородот ќе го придвижи целото тело. Длабоко вдишете низ носот додека градите се креваат. Издишете низ устата, броејќи до четири. Повторете ја оваа вежба четири пати.

Брзо одење

Ништо подобро нема да ве разбуди и да го затресе целото тело од брзата прошетка. Ова можете да ја практикувате кога одите на работа, и ако живеете далеку од работа, станете малку порано и одете брзо пет минути. Ќе го забрзате срцевиот ритам, а телото ќе го добие потребниот кислород за правилно функционирање. Покрај тоа, ќе го подигнете нивото на енергија.

Јога

Позата „куче што гледа надолу“ е идеална за подигање на нивото на енергија. Застанете во позиција на расчекор и држете ги стапалата раширени во ширина на рамото. Спуштете ги рацете кон подот, како да правите склек, а потоа исправете го грбот, додека дланките се сè уште на подот. Оваа вежба не се препорачува за бремени жени, ниту за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок или чести главоболки.

Прескокнување на јажето

Ова е најлесниот начин да направите кардио тренинг и истовремено да го подигнете нивото на енергија. Сè што ви треба е јаже и пет минути време. Прескокнете 30 секунди, па направете пауза од 10. Повторете три до четири пати.

Танц

Додека се подготвувате за работа наутро, пуштете ја омилената песна и танцувајте. Ќе го придвижите целото тело, ќе го подигнете нивото на енергија и ќе бидете посреќни. Пробајте!

Прочитајте и: 5 најефикасни вежби за сила!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.