Грешки што можеби ги правите во сексот според порно sвездите

Ѕездите на порно индустријата откриваат 5 чекори што треба да ги следите за да уживате во сексот.

Филмската индустрија има големо влијание врз нашата перцепција за сексот. Постојат моменти кога е тешко да се препознае што е вистина, а што не, додека се создава впечаток дека сè е направено совршено и без грешки.

Реалноста, сепак, не е таква. Постои стрес, непријатни емоции и многу размислување за нашето тело и перформанси. Ѕвездите на порно индустријата ги откриваат грешките што можете да ги направите во кревет и како можете да ги избегнете.

Не прашувате за повратни информации

„Исто како и на вашето работно место, и во вашиот кревет мора да знаете дали вашите перформанси се добри и дали имаат резултати“, вели ѕвездата на еротски филмови Џоана Анхел. Комуникацијата е многу важна за време на сексот и може да ја зајакне вашата самодоверба.

„Некои луѓе не се толку искусни и можеби не знаат што точно сакаат и како, па погледнете го вашиот партнер во очи, откријте што го прави насмеан и да се забавува и уживајте во тие моменти заедно“, предлага Ангел.

Контролата секогаш ја оставате на некој друг

Секој пар развива свои кодови за комуникација и ритам за време на сексуалниот чин. Џулија Ен, која учествува во порно филмови, нагласува дека клучот за меѓусебно уживање е поврзан со доминацијата во креветот.

„Преземањето иницијатива тука и таму може да направи вашиот партнер да се чувствува попривлечно и секси“.

Ја потценувате предиграта

За некои луѓе предиграта е неопходна за оргазам. За други, тоа е губење време. „Таа ми помага да се опуштам и да се поврзам со другите“, вели Џулија Ен, сугерирајќи да разговарате со вашиот партнер и да му кажете што и како да вклучи кога користите раце или уста. Целта е да објасните зошто се чувствувате секси и што најмногу ви се допаѓа, за да можете да уживате.

Вие сте загрижени за вашиот изглед

Стандардите поставени од порно филмовите не одговараат на реалноста. Ако се фокусирате на тоа како изгледа вашето тело или што мисли вашиот партнер во тоа време, едноставно ќе се чувствувате лошо. „Најголемата грешка што ја направив е што не си дозволив да се опуштам и не му кажав на мојот љубовник што ми се допаѓа. Бев загрижена за тоа како изгледам или дали тој го сака тоа што го правам, додека тој не знаеше ништо за сето тоа.”

Избегнувате контакт со очите

Таша Реин, која работи во порно индустрија, вели дека контактот со очите ќе го направи моментот попосебен и ќе ве приближи до вашиот партнер.

„Многу е важно да се живее во моментот и да се релаксираме. Интимноста не се постигнува само со пенетрација, туку со контакт на духовно ниво. Погледнете се во очи едни со други. Слушајте и чувствувајте се еден со друг“.

Прочитајте и: Како да му кажете на вашиот партнер што точно сакате од сексот?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.