10 минути дневно: Лесни вежби за топење на салото на стомакот

Едно мало корејско истражување сугерира дека се што е потребно за слабеење и топење на салото на стомакот е само петминутно качување по скали и тоа два пати дневно.

Во студијата објавена во The Korean Journal of Sports Medicine, истражувачите бараа од четири луѓе со прекумерна телесна тежина два пати во текот на денот да се качуваат по скали по 5 минути без одмор.  На учесниците им е дозволено за симнување да одморат колку им е потребно пред повторното качување.

По три недели мерењата покажале дека испитаниците во просек изгубиле 3,3 килограми од својата телесна маса и 2,5 килограми од телесните масти. Икао овој корејски експеримент бил мал, други истражувања сугерираат дека кратките интервали на брзо качување по скали ја зголемува и кондицијата и силата на нозете.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВАНајмоќната вежба за бутови и задник: Го разбива целулитот, ги топи маснотиите и ги затегнува мускулите за 2 недели! (ВИДЕО)

Еве еден начин како можете тоа да го сторите: 

Пронајдете некои скалила и искачувајте се брзо, ама контролирано враќајте се надоле со умерено темпо. Тоа повторувајте го 5 минути без одмор. По 5 минути одморете се, а потоа повторете ја вежбата уште 5 минути. За да го зголемите отпорот и кардиоваскуларниот напор, овој пат нагоре прескокнувајте по една скала.

Овој интервален тренинг додајте го на своите долги прошетки и на тој начин го губите салото на стомакот. Користењето на методите на наизменично забрзување/забавување ќе ви помогне да согорите повеќе калории отколку што можете тоа да го постигнете со одење рамномерно темпо во краток временски период.

План за интервално вежбање во текот на 30 минутна прошетка:

  • 5-минутно загревање-лесно темпо
  • 1 минута-брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 1 минута – брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 1 минута – брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 1 минута – брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 1 минута – брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 1 минута – брзо темпо
  • 2 минути-умерено темпо
  • 2 минути – брзо темпо
  • 5-минутно ладење – лесно темпо

Прочитајте го и оваа…Едноставна десетминутна вежба: Го подобрува држењето и ги елиминира болките во грбот еднаш засекогаш (Видео) 

Уште една предност на интервалното вежбање со висок интензитет е тоа што може да помогне инсулинот подобро да си ја работи својата работа. Во скандинавските студии, луѓето со дијабет 2 работеле на умерено-интезивно вежбање, и само по шест сесии во период од 14 дена се подобрила осетливоста на инсулинот, што сугерира дека ваквиот начин на вежбање еднакво е користен како и лековите за дијабетичари, пишува Yahoo!Life

Фото: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.