Најмоќната вежба за бутови и задник: Го разбива целулитот, ги топи маснотиите и ги затегнува мускулите за 2 недели! (ВИДЕО)

Вреди да се проба

За 2 недели ќе имате вити нозе како на топ-модел

Симнувањето маснотии од бутовите е најтешкиот дел од слабеењето. На нозете најчесто маснотиите и најдолго се задржуваат и покрај правилната исхрана. Меѓутоа, постои решение за овој проблем. За да постигнете феноменални резултати, доволна ви е само една вежба.

Станува збор за исчекорите, вежба што го трансформира изгледот за само 2 недели. Постојат неколку варијации на оваа вежба, а најдобро би било тие да се комбинираат во текот на еден тренинг.

Покрај бутовите, исчекорите ги зајакнуваат и мускулите на задникот. Оваа вежба е креирана за да ја подобри кондицијата, но и да ја зголеми силата и да ги подобри стабилноста и држењето, а доволно е да се прави само 10 минути во текот на денот.

Исчекорите многу брзо даваат одлични резултати, па веќе по 2 недели ќе забележите дека нозете и задникот ви изгледаат поубаво. Многу е важно да ги изведувате правилно, бидејќи во спротивно може да дојде до повреди.

Кога ќе ја изведувате оваа вежба, обидете се да го држите грбот исправен и да гледате точно пред себе.

Во следново видео можете да видите како изгледа еден тренинг…

Оваа вежба за цврст задник е хит на Интернет, па време е да ја испробате (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.