6 начини за ублажување на проблемот со зголемено потење под пазувите

Едноставно и ефективно

Иако темата можеби не е премногу привлечна, потењето под пазувите е непријатен проблем кој е нагласен во текот на летните месеци. Проблемот тешко може да се отстрани целосно, но постојат неколку опции со кои можете барем да го ублажите.

Неопходен е добар дезодоранс и антиперспирант

Треба да изберете дезодоранс / антиперспирант кој ќе одговара на вашето тело. Имено, не сите производи одговараат на секого. Кај некои тие работат подолго, а кај некои апсолутно немаат ефект.

Одвојте време и испробајте неколку производи. Многу корисници истакнаа дека антиперспирантот е многу подобра опција за нив отколку дезодорансот.

Ако пишува од 24 до 48 часа на дезодорансот, во повеќето случаи тоа е антиперспирант. Се разбира, не верувајте слепо во реклами и етикети, ниту еден производ не може да работи долго.

Ако сакате поздрава опција, изберете дезодоранси без алуминиум. Дезодорансот врз основа на алкохол ги потиснува бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси, но ако имате чувствителна кожа избегнувајте ваков вид на производи.

Влошки против потење

Влошките нема да го прекинат потењето, но можат да послужат ако одите на важен состанок или настан и не сакате да имате големи дамки од пот под пазувите. Како работат тие? Едноставно залепете ги на фустанот / кошулата / блузата на местото што оди под паузите.

Свеж воздух и лесна облека

Во лето, клучно е да се избере правилна облека. Изберете лесни и удобни парчиња, избегнувајте тесна облека во која ќе се потите повеќе. Исто така, претпочитајте природни и лесни материјали, како што е лен. Најлошата опција што можете да ја изберете е тесна облека изработена од вештачки материјал.

Студен туш

Студениот туш е спас за време на жешките летни денови, и не само затоа што ви овозможува вистинско освежување. Студената вода работи со затворање на порите и намалување на производството на пот.

Одлична опција е да одите во сауна. Се чини чудно, но со прекумерно потење ги тренираме потните жлезди.

Направете маска за пазуви

За да го намалите потењето и непријатната миризба, секое утро ставете маска на пазувите што ќе ја направите од прашок за пециво и лимон. Таа ќе ги неутрализираа бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси.

Оставете ја маската да делува 15 минути и исплакнете ја со топла вода.

Вечерен третман со јаболков оцет

Јаболков оцет, исто така, позитивно влијае на мирисите на пазувите. Тоа предизвикува потните жлезди да произведуваат помалку пот. Исто така, ја регулира pH вредноста и се бори против бактериите.

Потопете ги влошките со јаболков оцет и оставете ги под пазувите преку ноќ. Туширајте се наутро.

Прочитајте и: Омбре ноктите се нов хит на Инстаграм: Еве како да ги направите дома

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.