15 златни совети за бескрајна љубов и среќен брак кој трае…

Сигурно сте чуле дека најважна ставка за траен брак е комуникацијата. Дека тоа е точно, ама важни фактори се и искреноста и почитувањето.

Чауни Брузи за Your Tango направила истражување и ги напиша 15-те златни правила за бесконечна љубов, среќа и она најважното, брак до крајот на животот.

1. Разговор

Комуникацијата меѓу двојките е прво правило и клуч за траен брак.

Јас имам тенденција емоциите и фрустрациите да ги држам во себе и кога ќе дојде време знам да пукнам и да кажам и премногу работи. Најважно е во бракот отворено да разговарате за се, ама на мирен начин. Треба да се одржува цврст однос – вели Чауни Брузи.

2. Тргнете го телевизорот од спалната соба

24sata

Ако имате телевизор во спалната соба тогаш сигурно занемарувате некои други работи, како галење, гушкање, а можеби и секс.

3. Одберете ги своите битки

Kога знаете дека сте во право и сакате да го кажете своето мислење направете го тоа немојте да се двоумите. Секогаш е подобро да го кажете тоа што го мислите отколку да се преправате.

4. Научете да не префрлате за ситници

Немојте да се расправате за ситници, зошто сопругот не купил јогурт од продавница, зошто заборавил да го фрли ѓубрето, чашата ја оставил неизмиена и слично. Заборавете на тие работи зошто ќе си наштетите само на себе и своите нерви.

5. Бракот е маратон, а не спринт

Во бракот имате добри и лоши работи. Не смеете да се откажете при првата тешкотија.

6.  Понекогаш бидете несебични

Направете му го на сопругот или сопругата омилениот појадок и шолја кафе.

7. Прифатете дека не може да ги контролирате постапките на партнерот

8. Решете ги своите проблеми

Fotolia

Ако треба да работите на себе, направете го тоа не само за лицна корист туку и за подобар и поздрав брак.

9. Не се потпирајте на сопругот заради својата сопствена среќа

Aко чекате вашиот брак да ве направи среќна сте станале жртва на убавите лаги за бракот. ВАШИОТ СОПРУГ НЕМА ДА ВЕ НАПРАВИ СРЕЌНА АКО САМИТЕ НЕ СТЕ СРЕЌНИ, ТОЧКА.

10. Секогаш мислете најдобро за партнерот

Замислете колку би се променил бракот ако сите несогласувања и караниците ги започнуваме со добри мисли за партнерот, а не обратно да ја започнеме кавгата како да се случило најлошото сценарио.

11. Однесувајте се кон него како да ви е дечко

24sata

Однесувајте се како уште да не сте во брак. Правете работи кои сте ги правеле додека сте биле во врска.

12. Допирајте се!

ЕДНОСТАВЕН ДОПИР СО РАКА ИЛИ ПРЕГРАТКА МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО. Физичкиот допир е многу важен.

13. Немојте да не го почитувате или омаловажувате пред други сопругот

НЕ ги ставајте вашите брачни проблеми на интернет.

14. Запаметете: љубов и избор

Ilustracije ljubavi

15. Бидете во ист тим

Ова правило посебно се однесува на сопружниците кои воедно се и родители. И кога детето ви плаче во три наутро или кога после заедничкиот семеен ручек треба да ги миете чиниите работете го тоа заедно. Вие сте тим, не сте соло-играчи, пишува YоUR TANGO.

Фото: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.