Женски стравови: Третина од жените по празниците повеќе се плашат од вагата отколку од раскинување на врската

Дали и вие спаѓате меѓу нив?

Жените без проблем би се сооучиле со финансиите, бразилската депилација и разговор во врска со прекинување на врската отколку со постпразничната килажа. Од килажата повеќе се плашат само од забар.

Храброста има бројни дефиниции, а таа најчество вклучува победување на сопствениот страв. Дури за една третина од жените вистинска храброст е да застанат на вагата после уживањето во храната во текот на празничните денови. За ова една петина од нив ќе соберат храброст дури после 11 јануари, а дури една третина одбиваат да знаат колку тежат.

Колкав е голем стравот открива податокот дека за третина од нив тоа е поголем страв од прекинување на љубовниот однос-веројатно на тоа можат повеќе да влијаат. Иако и мажите се дебелеат, тие генерално на килажата не гледаат така драматично како нивните поубави половини.

Други женски стравови

Мал страв им претставува полагањето на возачки испит и состојбата на жиро сметката, а единствено повеќе се плашат од одењето на забар.  Дури 19,5 % се плашат да ги видат голи, 19% стравуваат за жиро сметката после шопингот, 12% се плашат од прекинување на врската, 9% од полагање на возачки испит, а 7%  од бразилска депилација, потврди студијата на компанијата ОНКЕН која го спроведе истражувањето.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.