Методија Мирчев: „Во 2022 година остануваме лидери на пазарот“

Светот во 2022-та

Методија Мирчев веќе две години е на челната позиција на А1 Македонија, телекомуникациската компанија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата.

Изминативе две години беа исклучително предизвикувачки во телеком-секторот, а А1 храбро и сигурно се позиционира како најголем мобилен оператор со најбрз мобилен интернет и провајдер на напредни дигитални решенија.

За годишното издание на Економист: Светот во 2022-та година, кое четвртпат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на компанијата „Колор медија плус“, со г. Мирчев разговараме за забрзаната дигитализација, технолошкиот напредок и новостите што ќе ги донесе воведувањето на 5Г-технологијата.

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија

Гледајќи од повеќе аспекти, 2021 година беше специфична година во нашата земја и во светот. Каква беше годината за А1 Македонија?

Точно е дека годината беше полна со предизвици во сите сегменти на нашето работење, но и во вакви вонредни услови, за А1 Македонија оваа година беше исклучително успешна и од историско значење.

На почетокот на годината, АЕК објави извештај за квалитетот на мобилните мрежи на територијата на целата држава, според кој А1 Македонија беше препознаена како оператор што го нуди најбрзиот мобилен интернет во земјата, како и оператор со најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и за квалитет на говор.

Понатаму, уште поголемо признание за нас претставуваше и фактот што тој квалитет го препознаа и корисниците.

Во втората половина на 2021 година, АЕК објави извештај во кој беше потврдено дека А1 Македонија е лидер на пазарот на мобилни комуникациски услуги во земјата, со најголем пазарен удел според бројот на корисници и според остварени приходи од обезбедување мобилни услуги.

И за крај, на крајот на годината, ги финализиравме тестирањата за новата генерација 5Г-технологии, која веќе во 2022 година ќе биде секојдневие за нашите граѓани.

Гледано од аспект на интерното работење на компанијата и како членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, финансиските резултати на нашата компанија во текот на целата година беа континуирано позитивни и успеавме нашата годишна стратегија да ја реализираме онака како што ја поставивме на почетокот на годината.

Така што, кога ќе се свртиме зад нас, во 2021 година, иако неизвесна и турбулентна на локално и на глобално ниво, А1 Македонија не само што успешно работеше, туку и успеа да се издигне еден чекор над долгогодишната позиција на Челинџер на пазарот и да биде лидер во повеќе сегменти на телекомуникацискиот пазар во земјата.

Годишникот Економист: Светот во 2022-та можете да го купите на познатите продажни места низ републиката или онлајн кликнувајќи ТУКА.

 

Кога зборуваме за 5Г, кои се придобивките и кога корисниците може да го очекуваат комерцијалното лансирање на 5Г во земјата?

Новата 5Г-технологија за приватните и за деловните корисници носи единствено бенефити, кои може да ги разгледаме од повеќе аспекти.

Од аспект на перформансите, 5Г-технологијата овозможува поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци, додека, пак, од аспект на решенијата, новата генерација технологии има сериозно големо влијание врз развојот на економијата и дигитализацијата на општеството.

Веќе реална е комуникацијата на машини со машини што води кон лекување од далечина, паметни домови или паметни градови, а тие со помош на 5Г и со перформансите на таа технологија ќе бидат поефикасни и ќе функционираат подобро.

Но сепак, најголемите придобивки од новата генерација технологии ќе ги видиме во блиска иднина кога поголемата дигитализација од сите аспекти на нашето живеење и работење ќе влијае врз поголемата ефикасност на секоја една функција во нашето окружување, а со тоа и врз подобрувањето на квалитетот на живеење на целото општество.

Еден едноставен, лесно разбирлив пример за ова претставува паметно организираниот сообраќај во еден град поврзан преку безжична 5Г-мрежа.

Со паметната инфраструктура во еден град и со интерконекцијата на возилата вклучени во сообраќајот ќе може да се оптимизира протокот на возила во градот, а со тоа и да се придонесе за намалена емисија на CO2 гасови и, конечно, позитивно да се влијае врз животната средина.

Оваа и многу други долгорочни придобивки од новата генерација технологии ќе може да ги почувствуваме кога 5Г од аспект на мрежната инфраструктура, но и од аспект на уредите што ја поддржуваат таа технологија ќе бидат широко распространети.

А1 Македонија е предводник во овој дигитален напредок. Како оператор ја претставуваме таа движечка сила за иновации и раст, а преку технологиите што ги нудиме овозможуваме креирање еден многу помодерен, поедноставен и ефикасен начин на живеење. Токму тоа е и новата, четврта индустриска револуција што својот максимум ќе го достигне благодарејќи на 5Г.

Каква е позицијата на А1 Македонија во бизнис-сегментот, кои услуги се нудат во доменот на деловни корисници? 

Интернетот и поврзаноста станаа основни средства за работа без кои една компанија не може да функционира. Непречена интернет-конекција и интернет во секој момент и на секое место се базичните карактеристики на комуникациската услуга што се подразбираат.

Услугите што ги нуди А1 Македонија, несомнено, се со врвен квалитет, но кога станува збор за бизнис-услуги, она на кое ние стратешки се фокусираме и кое е наша конкурентска предност е врвното корисничко искуство.

Со нашите бизнис-корисници, без оглед на тоа дали станува збор за компанија од СМЕ-сегментот или за некоја од најголемите компании во земјата, градиме долгорочен однос и претставуваме доверлив телекомуникациски партнер што е тука за да им помогне во нивното успешно работење.

Одејќи скалило погоре од веќе базичната услуга што ја нудиме – комуникацијата, ИКТ-решенијата што ги креираме за бизнис-сегментот нудат флексибилност во работењето, безбедност и агилност во извршувањето на секојдневните обврски и овозможуваат дополнителен квалитет во работењето на нашите корисници.

ИКТ-решенијата на А1 Македонија беа препознаени и избрани како најдобри и на меѓународниот тендер објавен од страна на Светска банка за набавка и имплементација на решение за Паметен град за потребите на Општина Велес.

Проектот Smart Lake Mladost опфати имплементација на City Dashboard и IoT-платформа на која се интегрирани шест различни IoT-солуции, кои опфаќаат: современ интегриран систем за автоматско управување со осветлувањето, паметно управување со паркинг-простор, паметно управување со отпад, паметни клупи со интегриран безжичен интернет, полнач за електрични возила со можност за електронска наплата и електрични велосипеди со паметни брави.

Овој проект во изведба на А1 Македонија е само уште една потврда за стратешката определба на компанијата, а тоа е да ја овозможиме дигитализацијата во нашата земја.

Одејќи понатаму, поврзаноста со нашата групација А1 Телеком Австрија нè прави уште порелевантен партнер за локалните бизниси бидејќи користењето на искуствата од А1 Групацијата ни дава можност да понудиме алатки и техничка можност за воведување и за целосно дигитализирање на процесите за кои имаат потреба компаниите.

Кои се вашите очекувања за 2022 година?

Задржување на позитивниот тренд што А1 Македонија го има во изминатиот период, но и дополнителен раст и развој во година што ќе биде исполнета со многу предизвици. Развојот на настаните наметна екстремна економска непредвидливост и големи раздвижувања на светската макроекономска сцена, кои се прелеваат и локално.

Енергетската криза и инфлацијата, секако, ќе ги почувствуваме во сите сегменти од економијата, а не се исклучок ниту телекомуникациите.

Сепак, сигурен сум дека со нашата компаниска стратегија за 2022 година и со посветеноста на нашиот тим во исполнувањето на оваа стратегија, А1 Македонија ќе успее не само да ја заврши годината со позитивни резултати, туку и ќе ја задржи лидерската позиција во сегментите во кои во 2021 година се позиционираше на македонскиот телекомуникациски пазар.

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.