Фармацевтски производи од канабис со премиум-квалитет наменети за европскиот пазар

Роберт Новески, основач и главен извршен директор на „Синцеритас АД Скопје“, за годишното издание „Економист: Светот во 2022-та“: „Нудиме најсовремени решенија за бројни здравствени потреби, така пресретнувајќи ги единствените побарувања на клиентите за секој од производите.“

Иако во Европа пандемијата на ковид-19 вирусот влијаеше и врз процесите за отпочнување регулаторни реформи во некои од поголемите земји, а во Германија тоа се одрази и врз почетокот на домашното производство, сепак пристапот на пациентите до производите од канабис за медицинска намена се зголемуваше.

Така, проценките се дека европскиот пазар за канабис ќе достигне вредност и од неколку милијарди во следните три години.

Двата најголеми предизвици веќе се решаваат – снабдувањето и производствените капацитети, како надополнување на едукацијата кај медицинските работници.

Со повеќе од 80 милиони жители, Германија е третиот најголем пазар (веднаш по САД и Канада), како и клучен европски пазар како резултат на последните процеси за легализација и можноста за рефундирање на средствата што пациентите ги трошат за набавка на производи од канабис за медицинска намена за одредени состојби.

Затоа што домашното производство не е во можност да ја задоволи сè поголемата побарувачка на пациентите, Федералната влада очекува увозот да надомести.

Од друга страна, Обединетото Кралство веќе ужива статус на најголем европски пазар за CBD-масла, додека инфраструктурата и базата на пациенти што употребуваат канабис за медицинска намена постојано растат. Штом Financial Conduct Authority објави дека домашни и странски компании може да излезат на Лондонската берза (LSE), природно – тоа го зголеми интересот на компаниите.

Сепак, Лондон е познат по својот обемен финансиски екосистем, поради што „Синцеритас АД Скопје“ веќе го планира своето излегување на Лондонската берза во Q3 2022“, вели г. Роберт Новески во интервјуто за престижниот британски магазин, кој четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“.

Роберт Новески, основач и главен извршен директор на „Синцеритас АД Скопје“

Со измена и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во 2016-та, се дозволува одгледување коноп во медицински и/или научни цели во Северна Македонија.

Синцеритас ја основате една година подоцна. Која беше Вашата визија?

Моето дводецениско искуство во финансискиот сектор во Германија и Велика Британија, како и контактите и пријателите што ги стекнав во меѓувреме, послужија како одлична основа за тоа што првично посакував Синцеритас да претставува, а подоцна и во што да се развие.

Кога ќе погледнам наназад, евидентен беше потенцијалот за развој на канабис-индустријата, заедно со сè поголемата побарувачка на квалитетни производи од канабис за медицинска намена на глобалниот пазар, а пред сè – на пазарите во Германија и Европа.

Земајќи ги предвид скорашните законски измени, квалитетниот кадар што фармацевтската фела во земјата може да го понуди, одличната географска позиционираност на земјата, како и ниските оперативни трошоци – одлуката за отпочнување на овој бизнис токму во Македонија беше неизбежна.

Седиштето на Синцеритас АД се наоѓа во Скопје уште од самиот почеток, а веќе во 2018-та започна проектирањето и изградбата на нашиот современ објект од 4.400 m2 во Росоман, каде што се вклучени одделите за култивирање, производство и контрола на квалитет, како и одделот за фармацевтско истражување и развој (сите изградени во согласност со одредбите на ДПП/GMP).

За олеснување на процесите за дистрибуција и продажба, ја отворивме и нашата прва канцеларија во финансискиот центар на Европа – Франкфурт, Германија.

Синцеритас постои со цел култивирање и преработка на канабис со фармацевтски квалитет во медицински производи што го подобруваат здравјето на пациентите и им обезбедуваат олеснување. Нудиме најсовремени решенија за многубројни здравствени потреби, така пресретнувајќи ги единствените побарувања на клиентите за секој од производите.

Вашиот бизнис-модел, B2B, овозможува производство на сув цвет и формулации на екстракти од канабис по конкретно барање на клиентите. Што сè може Синцеритас АД да понуди на своите европски/светски партнери?

Процесите, започнувајќи од одгледувањето па сè до бербата, екстракцијата и складирањето – се изведуваат во строго контролирани услови: температура, светлина, влажност на воздухот и вентилација (HVAC) според најсовремените технологии за автоматизација и софтверски решенија за комплетен преглед на конзистентноста во квалитетот.

Употребуваме стандардизирани техники, и вршиме лабораториски тестирања да се осигураме дека нашите иновативни производи од канабис за медицинска намена се сигурни и безбедни за употреба, како и дека се во согласност со меѓународните ISO, GACP и GMP стандарди. Така, за нашите европски и светски партнери може да произведеме THC/CBD доминантни или THC/CBD балансирани:

  • Канабис цвет, DAB 2018
  • Стандардизиран канабис екстракт, DAB 2021
  • Дронабинол кит за магистрална подготовка на препарати
  • Нерафиниран концентриран екстракт од канабис
  • Пречистен екстракт од канабис
  • Канабис дестилат

Нашите иновативни производи од канабис за медицинска намена се безбедни, сигурни и ефикасни  за употреба кај пациентите.

Како дополнување на производите што ги нудиме на пазарот, нашите лаборатории за фармацевтска контрола на квалитет, за тестирање и валидација се опремени со софистицирани аналитички инструменти со висока сензитивност и резолуција овозможувајќи целосен опсег на веродостојни и брзи услуги за тестирање канабис.

Синцеритас е дизајнирана да ги пресретне и надмине очекувањата на германските и на фармацевтските партнери во Европа. Комбинираме високи фармацевтски стандарди за квалитет со ниски трошоци за контролирана култивација.

Сакаме да веруваме дека веќе научивме како да се носиме со предизвиците што пандемијата ги наметна последните две години. Кои се Вашите цели во 2022 година?

Со целосно оперативен и високо-функционален објект, оформен тим, и јасно воспоставени цели, Синцеритас веќе започна да ги бележи најзначајните успеси, а би сакал да ги истакнам следните:

  • трансформацијата од ДОО во АД;
  • добивањето лиценци за производство на сув цвет и за маслен екстракт од канабис; и
  • добивањето GACP и ISO сертификати.

Во првиот квартал на 2022 ги очекуваме и македонската и EU GMP лиценците, по што нашите производи од канабис со премиум квалитет ќе бидат дистрибуирани низ Германија и Европа по конкурнетни цени, без да го компромитираме нивниот квалитет.

Планираме и изградба на дополнителни 5,000m2 (капацитети главно наменети за процесирање); а годината ќе ја завршиме со излегување на Лондонската берза и остварување профит.

Нашиот тим (кој сега брои 70+ луѓе, со тенденција да се зголемува!) напорно работи кон остварување на овие цели и покрај предизвиците што со себе ги носи пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот.

Во таа насока, Синцеритас АД повеќекратно им излезе во пресрет на државните институции во Македонија потпомагајќи ги со алатки и апаратура за навремена превенција, детекција, и поуспешно справување со последиците од коронавирусот.

Секако, ваквата корпоративно-општествена одговорност останува високо позиционирана цел и во текот на 2022 година.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

Текст и фото: Економист: Светот во 2022-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.