Зошто старите луѓе се мешаат во сѐ: Ова мора да го разберете!

Сфатете ги бабите и дедовците...

Честопати не разбираме каков вакуум ги опкружува нашите мајки и татковци

Знаете ли што е најлошо кај стареењето? Тоа што стануваш невидлив. Додека сте млади, вие сте убави или грди, застрашувачки или питоми, привлечни или одбивни, но со текот на годините сето тоа исчезнува. Тогаш не сте ни убави ни грди, туку едноставно сте невидливи. Стари.

Старите луѓе се безимен свет.

Не се согласувате? Единствената особина што ја имаат сите баби и дедовци е староста. Обрнете внимание – за повозрасно лице никој не вели: „тој е инженер или тој е сметководител“. Најчесто ќе чуете „тој има 76 години“ или „наполни 80 години“.

По достигнувањето одредена старост, бројот на луѓе кои за одредена постара личност знаат што сака, како живее и што знае, нагло се намалува.

Нивните пријатели, колеги или починале или се социјално неактивни. Тие го напуштаат домот само кога одат до продавница и престануваат да се дружат едни со други.

Децата се дружат со својот круг на пријатели, живеат во посебни домови и наместо со родителите, комуницираат со мобилните телефони. Околу постарите луѓе сега живеат некои нови, помлади соседи кои имаат свои животи. Во продавница сега работат некои нови, помлади продавачки.

Младите соседи ќе ги поздрават, во најдобар случај ќе им помогнат да ги однесат торбите до врата, а што се случува зад затворени врати, никому не му е грижа.

Честопати не го разбираме вакуумот што ги опкружува нашите стари родители. Не ја разбираме мајката што ни се јавува 5 пати на ден. Не го разбираме таткото кој се распрашува за работи што не се негова работа. Но постарите луѓе само сакаат некој да ги чуе. Сѐ уште сакаат да бидат прашани за нешто. Се плашат да не се изгубат себеси.

Можеби сте живееле блиску до вашата баба. Таа била тука да ве пречека после училиште, да ви помогне околу задачите, да ви направи ручек, да ве потсети да облечете потопла облека, да ве викне ако се заиграте со друштвото, додека родителите се вратат од работа.

Со текот на годините, сосема несвесно, сте научиле да готвите ручек, да се облекувате сами, сами да се организирате и да ги исполнувате вашите училишни обврски. Сѐ поретко сте ја посетувале баба ви.

Не сте ни забележале како таа старее и полека исчезнува. А сега, понекогаш не можете да се сетите ни која била таа жена, бидејќи во вашите мисли, таа е само вашата баба.

„Баба ми е црна овца во нашето семејство“: Секој би посакал да дочека ваква старост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.