„Баба ми е црна овца во нашето семејство“: Секој би посакал да дочека ваква старост!

Кралица!

Фото: Pixabay

„Во секое семејство има една црна овца. Во нашето тоа е баба ми. По смртта на дедо ми, пред шест години, дојде да живее кај нас“

Прочитајте ја оваа приказна за една малку поинаква баба која ќе ве инспирира да го живеете животот со полни гради…

Нашата баба се однесува малку чудно.

Моите родители мислат дека судбината им се одмаздува, бидејќи немаа тинејџерски проблеми со своите деца, односно со сестра ми и со мене.

На пример, во јули, откако зема пензија, една недела уживање на море со пријателка, а притоа го исклучи телефонот! Се јави кога снема пари, па мајка ми и татко ми мораа да смислат како да ја вратат дома.

Мајка ми полуде, а татко ми фраерски и’ дофрлаше на својата тешта нареден пат да го земе со себе.

Во нешто семејство се’ уште се прераскажува случката на баба ми со нејзиниот доктор. Имено, бидејќи има дијабетес во почетна фаза, докторот сериозно почна да и’ набројува што се’ не смее да прави, на што таа му одговори:

„Што може да ми се случи ако изедам нешто благо?“

„Можете да умрете“, рече докторот со најтрагичниот можен тон.

„Навистина??? Значи на 86 години постои таква можност? Да умрам?“

Накратко, ене ја, сама си вбризгува инсулин и јаде што сака.

Таа е жена која на улица игра шах со таксисти и редовно ги победува, пее во хор, оди на театар и присуствува на сите бесплатни градски културни настани и концерти.

Неодамна дома донесе „дечко“ – витален вдовец, 8 години помлад од неа. Еднаш ги најдов на каучот пред телевизор, заспале прегрнати откако испиле две литри вино.

Ја обожавам баба ми! Попозитивна е и поенергична од повеќето мои пријатели. Таа го сака животот и ужива во него. „Па, додека трае“, знае да каже често.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.