Се прославил како масер на сензуални масажи: Сега се оженил со 10 жени во ист ден!

Мажите му порачуваат само едно нешто!

Емануел Лустин објавува видеа од сензуални масажи на своите социјални мрежи, а сега изненадил со необична објава што шокирала многумина

Њујоршкиот инфлуенсер Емануел Лустин (28) наводно се оженил со 10 жени на една церемонија на плажа, а видеото од тој настан на ТикТок го погледнале повеќе од 600.000 луѓе.

„Денес се оженив со десет жени“, напишал на видеото.

„Ние сме сите невести“, гласи описот на видеото.

@misterlustin “We are the brides” , #emmanuellustin ♬ original sound – MisterLustin


Лустин тврди дека врската опфаќа „повеќе јазици, повеќе карактери, повеќе убави луѓе, но едно нешто им е заедничко, а тоа е љубовта и позитивната енергија.

Во видеото на ТикТок околу него кружат девет невести, облечени во секси долна облека и кои држат букети цвеќиња. Една од невестите седи во скут кај Лустин и си разменува страсни бакнежи со него.

Не е јасно од видеото каде се одржала оваа церемонија, но сигурно не е Њујорк каде што живеат.

Лустин е масер од Квинс кој креира сензуална содржина на социјалните мрежи ТикТок, Твитер, Инстаграм и OnlyFans. Тој објавува како им пружа сензуални сеанси на своите клиентки или жени во стан во Њујорк.

@misterlustin Everything for us #emmanuellustin ♬ everything – Kehlani

Во неодамнешна епизода од подкастот Dirty Street Confessions, овој самопрогласен масер ја открил страста зад ваквите сензуални содржини.

„Го правам тоа за жените. Се обидувам да им покажам на жените дека го заслужуваат ова. Тие го заслужуваат тоа од мажите, од секого“, рекол тој.

„Жените се на прво место“, додал тој.

Неговото вирално видео од венчавката со 10 жени го покренало прашањето колку масажи морал да направи за да се венча со дури десет жени.

„Тоа е лудо, јас се мачам само со мојава една жена. Среќно!“, „Овој човек ќе полуди“, се пошегувале некои мажи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.