Најзгодниот маж во Холивуд се венча во тајност: Познат е по тоа што на сите им покажува слики од својот полов орган!

Се шушка

Крис Еванс штотуку се венча со Алба Баптиста, актерка која е 16 години помлада од него

Тајната венчавка на Крис Еванс и Алба Баптиста ја шокира јавноста. Имено, двојката се венчала во строга тајност, додека на гостите им било кажано да ги исклучат телефоните и да не му кажуваат никому за венчавката.

Познато е само дека тие се во врска од почетокот на годината и дека Крис се плашел дека медиумите ќе ја уништат неговата љубов и среќа со Алба.

„Крис е вљубен и никогаш не бил посреќен. Неговото семејство и пријателите ја обожаваат Алба“, рекол добро информиран извор.


Брат му на Крис, Скот Еванс, кој исто така се занимава со глума, открил дека Крис отсекогаш имал страв од медиумите и од нивното мешање во неговиот приватен живот, бидејќи секоја негова девојка ја ставаат во центарот на вниманието, па девојките се плашат и бегаат од него. Токму затоа, со причина ја криел љубовта со Алба, со цел да ја заштити.

Инаку, минатата година магазинот „Пипл“ го прогласи Крис Еванс за најсексапилниот маж во светот.

„Мама ќе биде многу среќна. Се гордее со сè што правам, но ова е нешто со кое навистина може да се пофали“, рекол Крис тогаш.

Сите се сеќаваат на моментот кога Крис Еванс во 2020 година објави на Интернет фотографија од својот полов орган. Ја избриша фотографијата само што ја објави со образложение дека дошло до грешка кога се обидувал да објави стори на Инстаграм.

Но Интернетот никогаш не заборава ништо!

Која е Алба Баптиста, сопругата на Крис Еванс?

Алба Баптиста е актерка, која е 16 години помлада од Крис, а на јавноста è е позната по улогата во ТВ-серијата на Нетфликс „Калуѓерка воин“.

Родена е во Лисабон, има 26 години и успеа да се докаже во светот на глумата како талентирана млада жена.

Освен со глума, се занимава и со хуманитарни активности, па така во 2018 година била во Камбоџа, каде што се занимавала со образование на деца.

Алба зборува 5 јазика: шпански, француски, германски, англиски и португалски.

Најсексапилниот маж на светот има навика да си го слика половиот орган и да им го покажува на сите: Девојка нема, а постојано ја спомнува мајка му
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.