„Ја дознав ВИСТИНАТА ЗА НЕГО кога ги пополнувавме формуларите за брак! Цело време ме лажел за МНОГУ важна работа!“

Нема да верувате!

Факт е дека, иако сме во брак со некого, не можеме со сигурност да кажеме дека го знаеме секој можен детаљ за партнерот.

Кога некои информации што ги дознаваме за животниот партне ни изгледаат сомнително, обично на крајот излегува дека нашиот инстинкт не нè излажал.

За тоа сведочи и признанието на 29-годишна жена, која својот свршеник го запознала во 2020 година и одлучила да се омажи со него и покрај тоа што се сомневала дека е постар од она што го тврди. Иако изгледал постаро, сепак одлучила да му верува.

Секогаш мислев дека изгледа постаро, но немав доказ. Бев скептична за неговата возраст бидејќи никогаш не ми дозволи да ги видам неговите документи, пишува девојката на Редит.

Кратко време откако стапила во врска, нејзиниот партнер почнал да ѝ прави „притисок“ да се венчаат.

Многу му беше важно да се земеме, но ги одбивав неговите понуди за брак бидејќи не бев сигурена дали сакам да се омажам со него. Ме запозна со своето семејство и постојано ме притискаше да го прифатам неговиот предлог за што побрзо да основаме семејство, а притисокот растеше додека реков „да“ – продолжува таа.

По свршувачката, парот го пополнил формуларот за брак и тогаш ја дознала целата вистина.

Седев до него кога му кажа на човекот кој му го подаде документот дека не гледа добро и дека му требаат очила за читање. Бев изненадена бидејќи не знаев за тоа. Човекот го праша за годината на раѓање и го слушнав како вели „1976“. Што значи дека има 46 години, а не 35 како што тврдеше – открива таа.

Како што пишува, многу е повредена и сака да ја раскине свршувачката, а форумџиите веднаш застанаа на нејзина страна.

Не требаше да се согласите да се омажите со маж во кој сте се сомнитевале од самиот почеток – сеогласни се корисниците на Редит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.