„Луѓето се изненадуваат кога ќе дојдат на преглед и ќе ме видат“: Свесна е дека не личи на лекар, но не се откажува од својот животен стил
Никогаш не би знаеле дека овој доктор се занимава со бодибилдинг.
Докторката и бодибилдерка Стејси Наито, која живее во Калифорнија, тврди дека таа не еона што луѓето очекуваат да го видат кога доаѓаат на преглед. Причината за тоа се крие во нејзината атрактивна надворешност, која не се срами да ја покаже.
Дефинитивно чувствувам дека луѓето ми обрнуваат повеќе внимание поради комбинацијата на мојата медицинска кариера и мојата вклученост во бодибилдинг и фитнес. Изгледа дека многу луѓе мислат дека не е соодветно за еден лекар, особено за жена, да се натпреварува во светот на бодибилдингот, бидејќи тоа значи дека мора да излезе на сцената во бикини и да го покаже своето тело. Сепак, сакам да ги кршам стереотипите – вели таа.
Како што пишува таблоидот „Сан“, Стејси гордо ја носи титулата најубава докторка на светот и тоа ѝ е голема чест.
View this post on Instagram
Знам дека луѓето не очекуваат лекарите да бидат привлечни или секси, како докторскиот мантил да ги исклучува женственоста и привлечноста. Иако не се сметам за гламурозна, се гордеам што сум жена, што сум женствена и сензуална кога станува збор за мојот личен изглед. Низ годините имаше фрустрирачки ситуации каде што ме критикуваа едноставно затоа што сум атрактивна жена која е докторка – тврди Наито.
За крај, таа откри дека нема да се откаже од љубовта кон фитнесот.
Одбивам да попуштам пред таквите стереотипни начини на размислување и не се плашам да се бранам кога ќе ме нападнат со груби и нељубезни зборови луѓето кои се толку тесногради – заклучи Стејси.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.