Берлускони се оженил со 54 години помлада жена: Гостите велат дека венчавката била бизарна!

Дали и таа го вика „татичко“?

Венчавката изгледала нормално: имале торта, невестата носела венчаница, но нешто не штимало тука…

Силвио Берлускони се ожени со 54 години помладата Марта Фаскина, но нивниот брак не е официјален, што многумина ги збунило.

Контроверзниот милијардер и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони (85) имал симболична венчавка со 54 години помладата политичарка Марта Фаскина пред 60 гости.

Симболичната венчавка, всушност, претставувала ветување за љубов, но без правна моќ. Двојката ги кажала своите завети, имале венчални прстени и гостите можеби не се ни посомневале дека не станува збор за вистинска венчавка. Додека на некои им пречи што таквата свадба нема правна моќ, на други им е доволен тој романтичен чин, и очигледно, на Берлускони и на неговата избраничка тоа им одговара.

Марта на венчавката носела венчаница од тантела од дизајнерот Антонио Риве, а до олтарот ја одвел нејзиниот татко.

„Марта, чувствувам голема љубов кон тебе. Тоа е нешто што сè уште го немам искусено и за мене си незаменлива. Беше до мене во тешките моменти, ми помогна. Ме надополнуваш, не би можел да живеам без тебе. Го исполнуваш мојот живот“, рекол поранешниот премиер во заветите.

Инаку, се дознало дека Марта и Берлускони се заедно во март 2020 година, а како што пишувале италијанските медиуми, ги споиле истите политички уверувања, но и фудбалот. Имено, таа некогаш работела во клубот „Милан“, на којшто тој бил претседател.

Јавноста коментира дека Силвио парадира со младата девојка на социјалните мрежи откако во 2020 година поради неа ја оставил Франческа Паскале, која била „стара“ за него со своите 34 години. Го исмеваат дека Марта изгледа како да му е ќерка и внука.

Да се потсетиме, богатството на Берлускони се проценува на седум милијарди долари. Тој бил во центарот на неколку скандали со проституки и сè уште му се суди за подмитување сведоци во судењето за случајот на малолетна проституција.

Поранешниот премиер претходно бил осуден за плаќање шест милиони фунти на малолетна мароканска проститука Карима за сексуални услуги помеѓу февруари и мај 2010, но по жалбата на пресудата, било одлучено дека Силвио не е виновен.

Како што пишувале италијанските медиуми, Карима била една од учесниците на секс-забавите на Берлускони, познати како „Бунга Бунга“, кои се одвивале во неговата приватна вила. Бил дел и од финансиски скандали откако во 2013 година бил осуден за проневерување порези и биле откриени неколку случаи на малверзација.

Берлускони имал и проблеми со срцето, па бил опериран во Америка во јануари 2007, а претходно се борел со рак на простата. Во 2020 година водел битка со коронавирусот.

„Со задоволство си кажав себеси: ‘Повторно се извлече’“, истакнал поранешниот премиер.

Додал и дека тоа било најопасниот предизвик во неговиот живот.

Поради неа „паднале“ најголемите сексуални предатори во светот: Како Амбра ја уништила бунга-бунга забавата на Берлускони и Вајнстин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.