Поради неа „паднале“ најголемите сексуални предатори во светот: Како Амбра ја уништила бунга-бунга забавата на Берлускони и Вајнстин!

Неверојатно

Амбра е неверојатна дама што има згодно тело, но и многу бистар ум

Италијанската манекенка Амбра Гутијерез неодамна била фотографирана на плажа во Мајами, а ретко кој можел да остане имун на занесната убавица.

Инаку, Амбра првпат го привлекла вниманието на пошироката јавност кога се натпреварувала на изборот за Мис на Италија, а потоа се појавила во магазинот GQ, каде што ја забележале моќните политичари.

Пред десетина години била поканета на озлогласената бунга-бунга забава на тогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, каде што присуствувале и малолетнички, кои ги користеле за проституција. Манекенката ја напуштила забавата и отишла во полиција каде што пријавила сè, а потоа им го кажала тоа и на медиумите, за подоцна да биде и еден од главните сведоци на судењето против Берлускони.

Што се тоа „бунга-бунга“ забави?

Како што подоцна и други манекенки изјавиле на суд, на овие забави девојките биле облечени во костими на калуѓерки и полицајки, за потоа да се соблекуваат за Берлускони. Потоа, некогашниот италијански премиер имал сексуални односи со нив, а девојките во повеќето случаи биле малолетни.

Во случајот на Амбра, таа во 2015 година се нашла во средиштето на уште еден скандал кога пријавила дека Харви Вајнстин ја фатил за гради и се обидел да ја стави раката под нејзиното здолниште. Таа во соработка со полицијата, извела вистинска филмска акција.

Амбра носела уред за прислушување под маицата кога извлекла признание од Вајнстин дека ја допирал. Сепак, напорите на оваа храбра убавица биле залудни – истрагата била сопрена, а Вајнстин продолжил со своето „дивеење“ низ Холивуд.

Меѓутоа, по многубројните обвинувања од страна на 80 различни жени, познатиот продуцент бил осуден на 23 години затвор во Њујорк, а сега се чекаат и други судења.

Денес, се чини дека Амбра се нема многу променето од времето кога имала 18 години, а благодарение на својата нереална убавина, сè уште вредно работи во светот на модата. Ги красела насловните страници на бројни магазини, а била и заштитно лице на големи брендови, иако сè помалку може да се види во родната Италија.

Манекенката со италијанско-филипинско потекло сега најчесто е во Мајами, каде што папараците најчесто ја фотографираат на плажа.

Силвио Берлускони во деветтата деценија се перчи со 53 години помладата девојка: Поради неа ја откачил бившата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.