Сурови правила на воспитување на Златан Ибрахимовиќ: Еве што им е забрането на неговите деца!

Ќе се изненадите!

Златан Ибрахимовиќ е единствен во секој поглед, па и во воспитувањето на своите два сина Максимилијан и Винсент

Златан Ибрахимовиќ е еден и единствен. Неговиот успех се должи на труд и работа, а големо внимание посветува и на воспитувањето на синовите.

„Ги сакам моите деца најмногу на светот. За мене тие секогаш ќе бидат број еден. Тоа што ги сакам значи дека ги штитам, одговорно управувам со нивната слобода“, открива Ибрахимовиќ во новата книга „Адреналин“.

Тој објаснил дека не им дозволува на децата да користат социјални мрежи, а Интернетот им е ограничен.

Причината за оваа забрана е тоа што Златан не сака да стигнат лоши и непроверени информации до нив.

Па така, тој не ги експонира своите деца и семејството на социјалните мрежи.

„Гледам дека многумина ги експонираат своите деца на Интернет, прават профили на деца кои имаат седум или осум години и тие имаат илјадници следбеници. Но никој не мисли на тоа дали овие деца ќе бидат среќни и задоволни од тоа што биле толку јавно експонирани. Дали тоа е правилно?

Не ги држам под стаклено ѕвоно. Јас имам одговорност да ги изведам на прав пат, а тие потоа ќе продолжат како сакаат, штом ќе застанат со двете нозе на земја“, напишал Златан.

Детството на Златан Ибрахимовиќ не било лесно. Родителите на Златан дошле во Шведска во 1970 година во потрага по подобар живот, а се развеле кога тој имал само две години.

Татко му Шефик работел како домар, додека мајка му Јурка работела по 14 часа дневно како чистачка за да може да ги издржува Златан, неговата постара сестра Санела и неколкуте полубраќа и сестри, од кои едниот станал зависник од дрога.

„Моето детство беше многу тешко. Пораснав во имигрантска населба во Малме, на југот од Шведска, во наметнато опкружување на сиромашни имигранти од Југославија, Сомалија, Турција и Полска. Моите родители не ми помагаа многу и ретко ги покажуваа своите емоции. Бевме страшно сиромашни, не можевме ништо да си дозволиме. Фрижидерот постојано беше празен, се сеќавам дека често бев гладен“, опишал Златан.

Сега кога има сè, Златан научил едно важно правило: Гризел и работел, се борел и создавал, бидејќи немал ништо. Поради тоа, сака и неговите деца да станат исти борци како него. Затоа што во животот никогаш не се знае: некогаш си на врвот, а некогаш на дното – важно е да знаеш да се снајдеш и во двете ситуации.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.