Што треба да знаете за „магичниот бел шум” кога станува збор за успивање на вашето бебе

Да се успие бебе понекогаш може да биде голем предизвик и затоа некои родители прибегнуваат кон „магични бели звуци” за да му помогнат на бебето, но и самите, да заспијат здраво. Иако „белиот шум“ е навистина популарен, тој не е совршено решение, особено кога станува збор за бебињата.

Еве сè што треба да знаете за употреба на „бел шум“ за бебиња, како и за тоа како точно функционира:

Истражувањата покажуваат дека тоа им помага на бебињата да заспијат во рок од неколку минути

Ова е тврдење што сигурно ќе го привлече вниманието на родителите кои имаат проблем со успивање. Една студија вклучувала 20 бебиња кои биле стари меѓу две и седум дена и случајно ги поделиле во две групи. Една група бебиња беше изложена на „бели звуци“, додека другата не. Повеќето бебиња од првата група (80%) заспале во рок од пет минути, додека само 25% од бебињата кои немале „бел шум” заспале за тоа време.

„Белиот шум ги маскира повремените звуци во домаќинството што можат да разбудат бебе, како што е мотор на автомобил, затворање на врата, миење садови. Исто така, „белиот шум“ може да биде „сигнал за спиење“ за бебиња. Со други зборови, кога бебето слуша звук, кај него се буди рефлекс за спиење на ист начин како што вклучената телевизија да влијае на возрасно лице“, вели психологот за спиење, Линел Шнеберг.

Сепак, многу уреди за „бели звуци“ се премногу гласни за бебињата

Истражувањата откриле дека многу популарни уреди за „бел шум“ може да бидат премногу гласни за новороденчиња кога се зголемува јачината. Неколку модели на звучни уреди што се користат во полн волумен надминуваат 50 dBA, што е тековната препорачана граница на бучава за новороденчиња во креветчето.

Истражувачите им препорачуваат на родителите да не го го повишуваат тонот. Звукот на „белиот шум“ треба да биде поставен колку што е можно помал и ефикасен, и никогаш да не е погласен од звукот на разговорот.

Секогаш чувајте го барем два метри подалеку од бебето кое спие

Истата студија објавена во списанието „Педијатрија” ја препорача токму оваа далечина, со мала јачина на емитување.

„Поставете го уредот за звук колку што е можно подалеку од новороденчето и никогаш во креветчето“, вели Линел Шнеберг.

Иако препорачаната оддалеченост е два метра, добро е да го преместите уредот уште подалеку од бебето ако имате простор.

Исклучете го уредот за „бел шумоткако бебето ќе заспие

Звучи примамливо да оставите „белиот шум“ да се емитува цела ноќ, но тоа навистина не е препорачливо.

„Користете го уредот само во одреден временски период“, советува Шнеберг. Препорачува да користите тајмер или да го исклучите откако бебето заспие, под услов да бидете будни.

Намалете ја употребата на „бел шум“ како бебето расте

Сè што се користи за промена на однесувањето, може да прерасне во навика што подоцна е тешко да се ослободи. Може да биде тешко за вашето бебе да се ослободи од „белиот шум“ и може да смета дека не можете да спие без тоа.

„Препорачувам да се користи „бел шум“ во текот на првите шест месеци од животот или доволно долго додека спиењето на бебето не се зацврсти. Потоа намалете ја употребата така што детето може да спие нормално и со вообичаен шум во домаќинството и така што може да заспие во секое време и околина. Повеќето од нас не пораснаа спиејќи со „бел шум“ и сè беше во ред“, вели Шнеберг.

Експертите велат дека уредот за „бел шум“ може да биде ефикасна помош за бебињата. Сепак, проверете дали звукот не е премногу гласен.

Прочитајте и: Судбината на секое женско дете зависи од родителот: Ќерката мора да ги чуе овие 5 реченици од својот татко!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.