Мајките на момчињата мора да го знаат ова: Никогаш не смеете да ги правите овие грешки!

Внимателно прочитајте

Не постои родител што никогаш не греши, но најдобриот е оној што секој ден се преиспитува

Иако се трудиме да го воспитаме своето дете и да го насочиме на вистинскиот пат, некои грешки во воспитувањето може да имаат сериозни последици. Прочитајте кои се некои од тие грешки што несвесно ги прават мајките кои имаат синови.

1. Од нив очекуваат да бидат емотивно силни, затоа што се момчиња

Дури и најмодерните родители често не забележуваат дека им се случува да ја прегрнат и утешат ќерката која се расплакала поради скршена играчка, додека синот во истата ситуација се обидуваат да го исчеличат така што го критикуваат што плаче.

2. Претпоставуваат дека нивните синови никогаш нема да се најдат во улога на жртва

Родителите имаат потреба да ги заштитат своите ќерки, и тоа е важно. Но забораваме дека и момчињата лесно можат да станат жртви. Според истражувањето на веб-сајтот Male Survivor, едно од шест момчиња доживува некаков непосакуван интимен контакт до својата 18-та година.

3. Од нив очекуваат да сакаат спорт и да бидат добри спортисти

Спортот е одличен начин да се потроши енергија и слободно време, но како и сè друго, ниту спортот не е за секого. Децата, секако би требало да се испробаат во неколку спортови додека се мали, особено во тимски спортови, бидејќи тие нè учат на други важни работи, како што се тимската работа, духот на заедништвото, упорност. Но вашиот син навистина не мора да биде одличен спортист, особено ако не го привлекува тоа.

4. Не им дозволуваат да имаат стравови

И момчињата имаат право да бидат исплашени исто како и девојчињата. Никако не треба да им всадите чувство дека стравот е емоција што не би смееле да ја чувствуваат. Наместо да им кажете „нема од што да се плашиш!“, побарајте да ви ги објаснат своите стравови. Кажете им дека стравот е нешто нормално и дека храбри луѓе не се оние што никогаш не се исплашиле од ништо, туку оние што се плашат, но одлучуваат да не дозволат стравот да ги попречи во нешто.

6. Претпоставуваат дека нивните синови никогаш нема да повредат некого

Сите ние сакаме да веруваме дека нашите деца се најдобри. Но синовите, исто како и ќерките, треба да научат што е емпатија, треба да знаат да ги почитуваат границите што им ги поставуваат луѓето околу нив, како и тоа дека нечие „не“ навистина значи „не“.

7. Неумесно се шегуваат на сметка на половиот орган на својот син

Ова се однесува дури и на деца од најрана возраст. Сето тоа останува и се памети.

8. Престануваат да ги прегрнуваат и да бидат нежни кон нив кога ќе пораснат

Човечкиот допир и нежност се основна потреба на сите луѓе на планетава, без разлика колку години имаат.

Мајките треба да ги пренесат овие вредности на своите ќерки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.