Кога женката орел бира партнер, внимава на едно нешто: Лекција што мора да ја научи секоја жена!

Неверојатно

Сите лекции во животот може и треба да се научат од природата

Кога одбира партнер, женката орел прави нешто интересно: таа откинува гранка од дрво или грмушка, ја зема во клунот, полетува високо и кружи низ небото. Обично орлите ја следат женката, а таа потоа ја фрла гранката и гледа.

Мажјакот обично ја фаќа гранката што паѓа, ја подигнува високо и потоа внимателно со клунот и’ ја дава на женката, која ја зема со клунот.

Женката повторно ја фрла гранката, а мажјакот повторно ја фаќа и и’ ја враќа и така неколку пати.

Бидејќи оваа игра знае да се оддолжи, женката го одбира оној мажјак што упорно и’ ја враќа гранката одново и одново.

Потоа, женката и мажјакот одбираат високо место на кое ќе прават гнездо од голи гранки, за подоцна да кинат пердуви од себе и да ги стават во гнездото, правејќи го меко и топло.

Кога гнездото ќе биде направено, женката положува јајца и по некое време се изведуваат пилиња.

Кога ќе излезат мали орлиња од јајцата, тие на свет доаѓаат голи и слаби. Родителите ги покриваат со своите тела, ги штитат со крилјата од сонце, им носат храна и вода додека пораснат. Кога ќе им зајакнат крилјата, ќе им пораснат пердува и ќе им се формира опашка, мајката и таткото сфаќаат дека дошло време…

Таткото седи на работ од гнездото и почнува да удира по него со крилјата. Го мава и тресе гнездото за од него да излезат сите пердуви.

Кога во гнездото ќе останат само голи гранки, малите орлиња седат во протресеното гнездо вознемирени. Не им е јасно што се случува. Мајката за тоа време оди да фати риба.

Ја носи на работ од гнездото и почнува полека да ја јаде пред своите малечки. Малите орлиња со очајни крици бараат да го подели својот ручек со нив, но таа не го прави тоа. Очајни поради тоа што немаат грана и удобност во гнездото, орлите се вознемирени.

Тогаш сфаќаат: ако сакаат да јадат, мораат да излезат од гнездото. И тогаш почнуваат да прават движења што никогаш дотогаш не ги правеле. Одат по работ на гнездото кое обично е на висока гранка и се подготвуваат да одлетаат за да најдат храна.

Сега на сцена настапува таткото орел. Тој го фаќа малото орле кое скокнало од гнездото и кое се’ уште не знае да лета и повторно го враќа на гранката. Пилето повторно скока со желба да научи да лета, а таткото повторно го спречува. Одново и одново го фаќа своето пиле, како што на почетокот ја фаќал гранката што му ја фрлала женката.

Оваа животна лекција трае и трае додека младиот орел ги рашири своите крилја и почне да лета. Штом орелот почне самостојно да лета, родителите му покажуваат места со риба за да научи сам да се храни.

Ова е добар пример како треба духовно и физички да ги образуваме нашите деца. Колку е важно да не ги изложуваме на претерана удобност во домот. Мора да сфатиме дека добро е за децата понекогаш да не добијат се’.

За да ги зајакнеме да го напуштат гнездото, мора да ги научиме самостојно да летаат, самостојно да наоѓаат храна.

А тоа како женката орел го бира партнерот, треба да биде пример за сите жени. Таа не го одбира најубавиот и најсилниот, туку оној на кого може да се потпре. Оној кој е истраен, упорен, верен. Таа не сака понатаму нејзините деца да паднат. Ако одбере немарен татко, нејзините деца ќе бидат во голема опасност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.