Како лунарниот календар влијае на вашиот изглед: Кога е време за маникир или бојадисување на косата?

Обрнете внимание

Фото: Getty Images

Месечината служи како водич низ животот на повеќе нивоа. Древните култури му придавале особено внимание на месечниот циклус, а еве како „лунарниот календар” влијае врз вашиот изглед.

Ѕвездите и планетите влијаат на вашето расположение и свеста, а најмногу се осеќа, а и се зборува за влијанието на ретроградниот Меркур кој владее врз мислите, умот, комуникацијата и интелигенцијата. Но, малку се знае дека зависно од положбата на Месечината на небото, точно може да се израчуна кога е најдобро да се започне нова диета, да одите на третман на лицето, депилација, маникир или на фризер.

Кога Месечината е млада, односно кога наликува на срп, тогаш нашето тело се полни со енергија. Ваквата Месечина трае седум дена, а се препорачува баш тогаш да започнете со прекинување на лошите навики, да започнете со тренирање, но и да одите на антицелулитни третмани. Исто така, ако сте планирале да одите на маникир или педикир, ова е период кога ноктите најслабо растат.

Прочитајте и: Неделен хороскоп за периодот од 2 до 9 март

По младата Месечина, доаѓа фазата на „прва четвртина, позиција во која свети нејзината десна страна. Тоа е време на мирување и вашиот организам тогаш подобри ги прима витамините и минералите. Затоа воопшто не е чудно дека ова е идеално време за anti-age третмани и козметички зафати со кои се решаваат проблемите на сувата кожа или кожата склона на акни. Оние личности кои лесно ги накачуваат килограмите, овие денови треба да внимаваат на внесот на калории.

Периодот на полна Месечина е идеален за да обрнете внимание на вашата фризура. Полната Месечина добро влијае врз растењето на косата. Поради тоа, ако сакате косата побрзо да ви расте, скратете ја токму во време на полната Месечина. Ако сакате да ја промените бојата на косата, исто така, ова е период кога тоа треба да го сторите. Во ова време косата најдобро ги впива русокосите нијанси. Дочекајте го периодот на полна Месечина, верувајте дека ќе вреди вашето трпение.

Фазата на Месечевото опаѓање е препорачана за мирна работа, релаксација и медитација. Во оваа фаза раните побрзо заздравуваат, така што ова време е совршено за било какво психичко или физичко опоравување.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.