Направете го вистинскиот избор за третман на неплодноста!

Newborn Clinic Скопје

Животот се состои од правење на избори. Да се направи информиран избор за третман на неплодноста, бара сеопфатни информации за тоа кои се вашите можности, а ние овде обезбедуваме општи и конкретни информации за неплодноста, како таа може да биде управувана, и какви видови на третмани се достапни за различни видови на неплодност и проблеми поврзани со нив.

Главната задача на една клиника за вештачко оплодување е успешно дијагностицирање на проблемот и успешно идентификување на соодветно решение за секој пациент посебно, така што исходот од третманот на неплодноста може да биде оптимизиран.

За ова е потребно огромно искуство и експертиза како и внимателено тестирање и набљудување на процесот.

Њуборн Клиника е основана во 2014 година, и оттогаш им пружа можност на илјадници парови да го имаат бебето кое го посакувале. Можноста да понудиме висококвалитетни третмани со фокус на задоволството на пациентите отсекогаш била наш приоритет број еден.

Со денешната технологија, сите видови на информации се достапни и до нив се доаѓа многу лесно. Но ова со себе донесе и значителна количина од неквалитетно знаење на интернет.

Иако е сосема во ред да се пребарува на интернет за одредени теми од интерес, кога станува збор за грижата за здравјето, Ве молиме да не им верувате на информациите кои ќе ги најдете на интернет, без разлика колку професионално овие информации изгледаат.

Наместо тоа, прашајте ги нашите ИВФ-експерти сѐ врзано за вашата состојба и за третманите кои ви се достапни.

Исто така, не верувајте во веб-информацијата која ветува дека ќе Ви овозможи брз и делотворен лек, бидејќи такво нешто не постои.

Ве молиме бидете слободни да нѐ прашате сѐ што ве интересира и ние ќе се погрижиме да добиете професионален одговор од сертифициранпрофесионалец.

Избирањето на вистинскиот третман може да биде многу тешко, освен доколку се направи темелно испитување за да се идентификуваат вашите единствени потреби и услови за оплодување.

Изборот на клиника за ИВФ исто така може да претставува огромна одлука. Секој пациент е различен, па според тоа, единствен рецепт нема да одговара секому.

За таа цел, следнава стратегија може да биде од корист при планирање на вашиот третман.

Помладите пациенти, без претходни тестирања или историја на третмани за неплодност, треба да започнат со иницијалниот процес за тестирање опишан подолу, во делот „Тестирање на неплодноста”.

Врз основа на овие резултати од тестот, како и возраста на пациентот, може да биде избрана опцијата за помалку инвазивен третман, како што е IUI, за разлика од поинвазивната IVF/ICSI процедура.

 

Сепак, за постари пациенти (на возраст од над 35 години) не е препорачливо да губат дополнително време со поедноставни третмани бидејќи плодноста има тенденција да се намалува доста брзо по оваа возрасна граница.

Пациентите со историја на неуспешни третмани, ќе бидат предмет на понатамошни испитувања на неплодноста, како што е наведено во делот „Тестирање на неплодностa”.

Доколку овие испитувања покажат дека сопствените јајце-клетки и сперматозоиди на пациентите се прифатливи за третман, тогаш ќе се препорача IVF/ICSI третман со користење на сопствени јајце-клетки и сперматозоиди.

Протоколот на третманот и прецизните дози на лекови кои треба да се даваат ќе зависат од вашата возраст, индивидуалните хормонални нивоа и од претходната историја на третмани.

Ако постои какво било сомневање за генетска причина за пролонгираните периоди на неплодност и за можеби веќе неуспешните ИВФ-третмани, по направените неопходни тестирања, парот може да биде советуван да направи PGD (пред имплантациска генетска дијагноза) тестирање на ембрионите, со цел да се одвојат генетски здравите ембриони од оние со генетски аномалии, пред да се изврши процедурата за трансфер на ембриони.

Доколку се појават сериозни оштетувања кај јајце-клетките или сперматозоидите кои не можат лесно да се изолираат преку PGD тестирањето, тогаш користењето на јајце-клетки или сперматозоиди од донатор може да биде најсоодветниот начин на дејствување.

ИВФ со донација на јајце-клетки, исто така, се препорачува за парови со женски фактор на неплодност, каде што јајце-клетките на женскиот партнер не дозволуваат оплодување или не дозволуваат да се случи бременост од која било причина.

Ова може да се должи на предвремената оваријална инсуфициенција и менопаузата.

ИВФ со користење на сперма од донатор се препорачува за парови со машки фактор на неплодност каде што сперматозоидите на машкиот партнер не се во можност да ги оплодат јајце-клетките на женскиот партнер поради бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите, или овој третман може да биде избран поради некоја генетска состојба на машкиот партнер од која постои опасност да се пренесе на неговите потомци.

Пред да се донесе одлука за користење на донатор на сперма, треба да се истражат алтернативните патишта, како што е „хируршка екстракција на сперма”.

Ве молиме имајте на ум дека ова се само упатства, и немаме за цел на било кој начин да дијагностицираме или да препорачаме третмани на овој веб-сајт.

За попрецизни препораки и насоки, ќе треба да ги разгледаме вашите резултати од тестот, како и вашата историја на неплодност, заедно со сите детали кои би можеле да бидат релевантни, за да можеме да ви понудиме соодветни препораки.

Д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист во клиниката „Њуборн“

За мнпогу повеќе информации, посетете ги веб-страницата www.newborn.mk, на Фејсбук: Νewborn Clinic – Ceter for fertility. Инстаграм: newbornclinicmk, или директно јавете се на тел.бр. 077 443 443

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.