Носење кон напред – кога и како?

Погледнете кои услови треба да ги задоволите за носењето кон напред да биде безбедно и пријатно

Носењето кон напред го препорачуваме во кратки временски периоди, во мирно и по можност за бебето познато опкружување (под услов детето да има најмалку пет месеци). Погледнете кои услови уште треба да ги задоволите за носењето кон напред да биде безбедно и пријатно.

1. За детето
  • Детето е заинтересирано за истражување на околината
  • Има добра контрола врз држењето на главата и вратот
  • Доволно е високо за целото лице да му биде слободно т.е. над панелот на носилката кога е свртено кон напред
  • Од 5-6 месеци до 1 година, мин. 6,4 kg, макс. 10 kg

2. За носилката
  • Овозможува природна седечка положба за грбот на детето (‘рбетот не е свиткан)
  • Здрава е за колковите – нозете се раширени и добро стегнати
  • Ергономска е за родителот – го јакне грбот, добро ја распоредува тежината и не влијае негативно на рамнотежата
3. За околината
  • Мирна и пријатна околина
  • Детето е будно и опуштено, не се препорачува да заспие свртено кон напред
  • Во кратки временски периоди и со често набљудување на детето

Oxymammy располага со 5 модели на носилки коишто го овозможуваат носењето кон напред:

  • Ergobaby Embrace
  • Ergobaby Omni 360
  • Ergobaby Original 360
  • Ergobaby Omni Breeze
  • Baby Tula Explore
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.