Неделен хороскоп за периодот од 2 до 9 март

Дознајте каква недела ве очекува

ФОТО: Thinkstock

Еве што велат астролозите за првата работна недела во март.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината.

Кариера

Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе.

Здравје

Ќе ви недостига енергија. Штедете се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено ќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани.

Кариера

Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите, ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај, однатре празнина.

Здравје

Дефинирајте ги своите критериуми.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност, се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите.

Кариера

Ќе барате нешто, а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето, како себеси, така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети.

Здравје

Не заборавете да се опуштите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи. Ќе имате навистина доволно мотивации, а особено за комуникација, па многумина со зборови ќе надоместуваат она што им недостига на емотивен план. Ќе успеат во тоа.

Кариера

Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите, но не ја подигнува вашата лична самодоверба. Сепак, овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. Затоа, не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете.

Здравје

Почнете да спортувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурите квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања, но не им придавајте значење.

Кариера

Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците.

Здравје

Најдете содржини што ви се допаѓаат.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.