Безбедносните експерти открија што е опасно за децата во куќата

Бидете внимателни

За мало дете во куќата секогаш постојат опасности насекаде околу него, но затоа родителите треба да внимаваат каде се движи и со што игра, невозможно е да се обезбеди сè околу детето, но она што е можно е родителско внимание.

Експертите од австралиската група за застапување на потрошувачи „Избор“, открија 11 производи кои можат да го изложат на ризик вашето дете. Нивното истражување откри дека кревети на спрат, кои се популарни во детските соби низ целиот свет, исто така, претставуваат опасност за децата поради можни падови.

Иако малите деца сакаат да скокаат на трамполини и да играат на нив, експертите навистина не го одобруваат тоа заради можни незгодни падови. „Избор“ дури неодамна направи преглед на 10 популарни трамполини, и беше откриено дека само една ги исполнува нивните стандарди за безбедност. Одобрениот модел беше Springfree R79, кој доби оценка од 90 проценти за сигурност, лесна употреба и перформанси.

Други играчки за кои предупреди „Избор“ се проектили како пиштоли или ракетни фрлачи, бидејќи тие можат да предизвикаат задушување кај децата.

Предмети за домаќинството што можат да бидат опасни за децата:

1. Бебе-шетачи
2. Помагала за бебешка бања
3. Вреќи за седење
4. Кутии за играчки
5. Перници, јорган или креветче
6. Играчки со проектили
7. Лулашки за одење
8. Секоја играчка, дел од играчка или предмет доволно мал за да се смести во уста
9. Повеќето тобогани
10. Кревети на спрат
11. Мали производи за деца што можат да се расклопат

Вреќите за седење се популарни во многу домови, но малите топчиња што ја сочинуваат вреќата можат да ги блокираат дишните патишта ако бебето случајно ги проголта. Другите предмети што содржат слични топчиња, како кревети за миленичиња или меки играчки, исто така, треба да се чуваат подалеку од децата.

„Избор“ исто така им рече на родителите да бидат свесни дека производите „направени за деца“, како што се кремите за сончање и шампоните, се едноставно непотребни, бидејќи тие се често исти со верзиите за возрасни, но по повисока цена.

Прочитајте и: Да ја решиме енигмата – дали косата смее да се бојадисува во бременоста?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.