Познатата актерка открива детали од реткото хромозомско нарушување со кое се бори нејзината малолетна ќерка

Денис Ричардс во интервјуто за магазинот „Пипл“ искрено зборува за борбата што ја води во одгледувањето на девојче што страда од редок облик на хомозомопатија. Болеста што ја има нејзината најмлада ќерка ја спречува во извршувањето на секојдневните активности, а се одразува и врз нејзиното растење и среќно детство што актерката го замислувала за неа.

Не можеше да седи сама долго време и не одеше се’ до втората година од животот, а успеа благодарение на физикалната терапија“, изјави актерката.

Денес нејзината ќерка едвај изговара неколку збора.

Понекогаш се однесува во согласност со нејзините години, но нејзините емоцијални реакции се на ниво на 3-годишно дете. Тешко е, секој ден се борам со предизвикот. Болеста варира од човек до човек, така што никогаш не знам што може да се случи во нејзиниот случај“, тврди Денис.

Ричардсон има уште две ќерки, кои ги доби во бракот со актерот Чарли Шин, а девојчето со ретко хромозомско нарушување го посвои во 2011 година и оттогаш четирите дами живеат како едно семејство.

Секое дете е различно, се грижите за него како што најдобро знаете. Не знам дали ќе може некогаш да разговара или да се движи како другите деца, но како родител ќе дадам се’ од себе за да и’ овозможам колку што е можно побезгрижен живот“, заклучува Денис.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.