Ова е видеото што Тамара Тодевска ја расплакува секој пат кога го гледа (ВИДЕО)
Еве зошто!
Тамара Тодевска со фантастичната изведба на песната „Proud“ го оствари нашиот најголем успех на „Евровизија“, а видеото кое го објави вчера на Инстаграм е токму од тој период – кога замина на престижниот музички натпревар да ја претставува Македонија оставајќи го дома своето тогаш 5-месечно синче Дарен.
Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на ‘Евровизија’. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“, напишала Тодевска во описот на видеото.
View this post on Instagram
Видео: Инстаграм