Јелена Карлеуша се пофали со постарата ќерка: Еве зошто личела на неа (ФОТО)

Но не заборави да ја спомне и помалата

Јелена Карлеуша (42) направи нешто ретко – на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира само со постарата ќерка Атина (12). А еве по кој повод…

Имено, преку фотографијата, популарната пејачка посака да им се пофали на своите следбеници и да им стави до знаење колку многу е горда на својата наследничка, која многу личи на неа.

Моето бебе… Јас сум висока 180 см, а Атина е речиси исто толку висока на 12 години… Штркла на мама❤️ Ника беше на фудбал кога го сликавме ова🙈, не е во нашиот ‘филм’“, напиша Јелена, со што уште еднаш на сите им стави јасно до знаење дека постарата ќерка ги наследила физичкиот изглед и афинитетите од мама, додека, помладата Ника (11) се метнала на тато, фудбалерот Душко Тошиќ.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.