Нашле заеднички јазик: Ирина Шајк и Бредли Купер постигнале договор за старателство над ќерката

Се согласиле

Изгледа дека славниот актер и топ-моделката, и покрај многубројните гласини, сепак, останале во пријателски односи

Ирина Шајк (34) и Бредли Купер (45) конечно постигнале договор околу заедничкото старателство над двегодишната ќерка Леа Де Сена.

На почетокот од оваа година брзо се согласиле и ги завршиле преговорите, односно се договориле дека заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.

Кај кого ќе биде девојчето зависи од договорите и распоредот, со оглед на природата на нивните професии.

Благосостојбата на ќерката им е на прво место. Изминативе денови Леа го поминува времето со мајка си, па често може да се видат на прошетка по улиците на Њујорк.

Парот минатото лето ја раскина четиригодишната врска од која ја имаат ќерката. Имаше многубројни шпекулации, а најмногу од нив се однесуваа на наводното неверство на холивудскиот заводник со Лејди Гага (33). Приказната за прељубата започнала по заедничкиот настап на актерот и пејачката на доделувањето „оскари“ во февруари, на кој биле и повеќе од блиски.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.