По големата преселба на благородниците, на ред се тужби за медиумите: На Хари и Меган им „пукна“ филмот!

Време беше

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл најавија тужби против неколку медиуми за нарушување на приватноста.

Имено, како што пренесуваат светските медиуми, адвокатите на брачната двојка, која крена огромен прав во јавноста со повлекувањето од кралските должности во почеток на годинава и со преселувањето во Ванкувер, Канада, упатиле предупредувачки писма до неколку канадски и британски медиуми дека ќе преземат правни мерки против нив бидејќи објавиле неодобрени фотографии од Меган и синот Арчи, снимени во Ванкувер од страна на канадски папараци кои „се криеле во грмушки и недозволено фотографирале, нарушувајќи ја нивната приватност и безбедност“.

Во писмото се наведува дека однесувањето на фотографите што ја следат кралската двојка било „на граница на малтретирање“.

Инаку, ова не е првпат Хари да реагира на однесувањето на папараците и медиумите. Една од причините поради која Хари и Меган за повлекуваат од кралските должности е желбата за помирен живот, далеку од вниманието на медиумите, особено имајќи ги предвид околностите во кои загина мајката на Хари, принцезата Дијана во 1997 година.

Во септември 2019 година, Хари ги тужеше таблоидите „Д сан“ и „Дејли мирор“ за наводно хакирање на неговиот мобилен телефон и пресретнување на гласовни пораки.

 

Потоа, кога таблоидите го објавија приватното писмо што Меган му го напишала на својот татко, со кого не е во добри односи, Хари излезе со соопштение во кое, меѓу другото, рече:

Мојот најголем страв е дека историјата ќе се повтори. Сум видел што се случува кога личност што ја сакам се материјализира до тој степен што веќе не ја гледаат, ниту се однесуваат кон неа како кон вистинска личност. Ја изгубив мајка ми и сега гледам како мојата сопруга исто така станува жртва на истите моќни сили.“

Адвокатите на двојката тврдат дека Маркл не дала согласност да ја фотографираат и дека фотографите се обиделе недозволено да снимаат внатре во имотот на Хари и Меган на канадскиот остров.

Канадски правници коментираат дека сликите можеби се направени незаконски, со нарушување на приватноста на принцот Хари и неговата сопруга.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.